Тануше — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горна Река.
Географија и местоположба Селото е сместено во областа Горна Река, под планината Кораб. Атарот зафќа и се протега сè до врвот на планината. Целата западна страна на атарот се граничи со Албанија.
Западно од селото, во повисоките делови на атарот, течат Бабин Поток (Прои и Бабес) и Изворски Поток, кои потоа се спојуваат, образувајќи ја Рибничка Река. Таа во свијок го заобиколува селото од север и исток, и продолжува на југоисток крај селата Грекање и Рибница.
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Меник, Лисеј, Три Синори, Старо Бачило, Мечкин Камен, Скртец, Лакете Џупет (Цигански Превој), Ливада те Танушес, Маја е Маде, Корија Хурдеј, Лактор, Ограде, Брегу и Боц, Лигата Танушес (Танушко Блатиште), Ќафа Барановит, Кукуљ, Рибничка Скала, Ќипул, Бачило, Ујт Калар и Прои и Бибе.
Селото е поделено на пет маала: Брегзе, Докузе, Мустафи, Мемај и Горга. Некогаш, Тануше имало разбиен тип, а подоцна издвоените маала станале посебни села (Грекање, Нивиште, Завојско).
Историја Сите села во Горна Река порано биле македонски. Во XIX век, Тануше како и останатите села во областа биле во процес на албанизација. Во XIX век Тануше било албанско село во Реканската Каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тапушани (Tapouchani) е село со 50 домаќинства сочинети од 126 жители; од нив 51 биле Албанци муслимани и 75 Албанци православни.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 174-175.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Танушане веќе било наполно муслиманско село и имало 350 жители Арнаути. Се поставува прашањето колкав дел од нив биле вистински Албанци доселени од Албанија, а колку биле албанизирани (или неалбанизирани) Македонци.
Стопанство Тануше има сточарско-шумарско стопанство. Според податок од 1998 г. атарот опфаќа 1.204 ха пасишта, 402 ха шуми и само 51 ха обработливо земјиште.
Население На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Танушани се води како чисто албанско село во Реканската Каза на Дебарскиот Санџак со 80 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Албанци и 50 Македонци.
Населението на Тануше опаднало во првиот период на XX век, но по Втората светска војна тоа почнало да се опоравува. Селото се зголемувало во текот на наредните децении за да опадне на само 89 жители во првата половина на 1990-тите, а потоа да се намали за 5,5 пати во наредните години. Интересно е да се забележи дека во 1953 г. се заведени 17 лица кои се изјасниле како Македонци,Тануше — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) што значи дека сè уште имало жители со македонска свест.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 16 жители, сите Албанци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Албанци.
Општествени установи Танушка џамија Основно училиште
Личности Малиќ Тануша — просветен деец Џезаир Реџепи (р. 1983) — вајар Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Мавровско-ростушки села Категорија:Села во Општина Маврово и Ростуше