thumb|Via Veritas Vita (lat. „Јас сум патот, и вистината и животот, од Евангелието според Јован 14:6). Мото на Глазговскиот универзитет. Алитерација е повторување на исти согласки или гласовни групи за постигнување на звучен ефект.
Некаде ѕвони. Некаде далеку ѕвони.
звуците се бранови на ветрот
низ тревите подгонети.
Некаде ѕвони. Продолжително и нежно.
Глуво е се. Сал ритамот
плиска по брегот на железото.
(Ѕвона - Матеја Матевски)
Во песната „Ѕвона“ од Матеја Матевски се употребени многу зборови со гласовите: ѕ, з, ж, с, за да го приближи ѕвонењето и преку звукот на зборовите, а не само преку нивното значење.
Категорија:Стилски фигури Категорија:Латинизми Категорија:Поетски средства