Дијабло (шпански: Mas Sabe el Diablo) — американска теленовела од 2009 до 2010 година од Телемундо.Hayes, David (12 May 2008). "Telemundo teams on telenovela". Variety, Monday, 12 May 2008. Retrieved on 2009-09-23 from https://variety.com/2008/scene/markets-festivals/telemundo-teams-on-telenovela-1117985497/.
Глумечката екипа е составена од Хенкарлос Канела, Габи Еспино, Мигел Варони и Карла Монрој.Huff, Richard (12 May 2008). "Telemundo touts new brand of telenovela: Now with product placement". New York Daily News, Tuesday 12 May 2008. Retrieved on 2009-09-23 from http://www.nydailynews.com/entertainment/tv/2008/05/13/2008-05-13_telemundo_touts_new_brand_of_telenovela_.html.
Синопсис
Пред 20 години, младата слугинка Есперанса Салвадор, добива дете од синот на семејството на чиј мексикански имот таа работи. Семејството Асеро, поготово мајката Грациела, бременоста воопшто не ја одобрува, па ја носи Есперанса во клиника за абортуси. Девојката успева да побегне, добива виза и се сели во Мајами, за да може да биде поблиску до такото на детето, Мартин, кој живее во Њујорк. Доаѓањeто во големиот град, ќе и зададе нови проблеми посебно кога таа ќе биде нападната и ограбена, а на тие маки, таа го пораѓа Анхел. Години подоцна, њујоршките улици се втор дом за снаодливиот Анхел, кого сите во квартот го знаат како Ѓаволот. Заради своите вештини во крадењето, и покрај своето добро срце, тој станува член на криминалното друштво кои се специјализирани за големи кражби, со што подоцна ќе плати и со затворска казна. Така ја запознава адвокатката Мануела Давила, привлечна девојка која не ни помислува дека симпатичниот криминалец за чија слобода се бори, ќе и го смени животот. После излегувањето од затвор, Анхел е одлучен да започне нов живот, што подалеку од криминалот и кражбите, но дознава дека неговата мајка му е должна на Леон Белтран, шеф на бандата за којапред тоа работеше. Криминалецот и ги платил болничките трошкови на Есперанса додека Анхел бил затворен, а единствен начин за враќање на долгот е повторно да биде дел во кражбата за време на една добротворна забава. На забавата, Анхел и Мануела повторно се среќаваат, а симпатиите од двете страни би можеле да влијаат врз нејзината одлука, дали да се омажи за Мартин или не, кој воедно е татко на Анхел.
Улоги Глумци Ликови Хенкарлос Канела Анхел СалвадорГаби Еспино Мануела ДавилаМигел Варони Мартин АсероКарла Монрој Вирхинија ДавилаХорхе Луис Пила Џими КардонаХосе Гијермо Кортинес Освалдо ГераКарлос Камачо Орарио ГарсијаЛеонардо Даниел Анибал ДавилаАнхелин Монкајо Марина СуарезМишел Варгас Перла БелтранЕва Тамарго Аријана Давила
Наводи
Надворешни врски Официјален сајт на Дијабло (шпански) Официјален сајт на Дијабло (англиски) Фанстрана Дијабло на Seriesnow
Категорија:Телемундо Категорија:Теленовели