До победата и по неа — македонски игран филм од 1966 година, снимен по сценариото на Симон Дракул, а во режија на Живорад Митровиќ. Снимател бил Мишо Самоиловски, а музиката ја компонирал Миљенко Прохаска.
Кратка содржина
Последниот ден од окупацијата жителите на едно мало македонско гратче се сведоци на уште еден крвав чин на окупаторот - стрелање на 12 родољуби, предадени од соработник на окупаторот. И во овој случај, како и повеќепати пред тоа, предавникот останува непознат за неговите сограѓани. Веќе утредента, партизаните влегуваат во градот. Населението учествува во правењето барикади и го оневозможува повлекувањето на непријателот. Заробен е бугарскиот мајор со неговите соработници. Комесарот на одредот дознава дека меѓу стреланите е и неговиот син, непосредно пред тоа испратен во градот, со задача да го открие соработникот на окупаторот. Комесарот стоички ја прима веста за загубата. Тој не му дозволува на народот одмазда врз крвниците. Меѓу заробените, на денот на ослободувањето, по барање на народот се наоѓаат и оние што, според јавното мислење, соработувале или пак имале каква било врска со окупаторот. Сите тие, следени од долга колона сограѓани, тргнуваат на пат до соседното место каде што Народниот суд треба да им суди за злоделата. На овој пат стануваат јасни одредени судбини и групата на обвинетите се намалува. Случајот прави да се открие и виновникот за многубројните провали во партиската организација. По патот, по кратка престрелка, партизаните заробуваат група германски војници. Пристигнуваат на железничката станица каде им е крајот на патот. Пристигнува возот. Додека партизаните полни со оптимизам заминуваат, покрај пругата остануваат нивните придружници и патот кој повторно мораат да го минат.
Награди Во 1966 година, на Филмскиот фестивал во Пула, филмот бил награден со „Златна арена“ за најдобро сценарио (Симон Дракул).Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival 56, стр. 72-73.
Надворешни врски Кинотека на Македонија
Наводи
Категорија:Македонски филмови за периодот од Втората светска војна Категорија:Филмови од 1966 година Категорија:Филмови на македонски јазик Категорија:Македонски филмови од 1960-тите Категорија:Филмови на Жика Митровиќ Категорија:Филмови со Александар Гавриќ Категорија:Филмови со Димитар Ќостаров Категорија:Филмови со Драган Оцокољиќ Категорија:Филмови со Драги Костовски Категорија:Филмови со Јанез Врховец Категорија:Филмови со Илија Милчин Категорија:Филмови со Милан Срдоч Категорија:Филмови со Мери Бошкова Категорија:Филмови со Милена Дравиќ Категорија:Филмови со Петре Прличко Категорија:Филмови со Ристо Шишков Категорија:Појавено во 1966 година во Македонија Категорија:Појавено во 1966 година во Југославија