Лауренс тен Дам (; р. ) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .
Кариера
Тен Дам започнал со професионално возење од 2002. Добар искачувач, Тен Дам може да заврши во првите десет на многу трки, вклучувајќи ја Волта а Каталуња во 2007, Тур Даун Андер, Трката околу Калифорнија и Тур де Свис во 2011. Исто така го освоил планинскиот пласман на Тур де Романди во 2009.
Во 2012, Тен Дам завршил осми на Вуелта а Еспања, негов најдобар пласман на некоја голема трка.
На Тур де Франс 2013, Тен Дам имал извонредни две недели, сместувајќи се на петтото место во генералниот пласман, додека неговиот сонародник и колега, Бауке Молема, бил на второто место. Меѓутоа во последната недела, Тен Дам опаднал со формата и не можел да се задржи во првите десет во генералниот пласман, поради што на крајот завршил на 13. место.
На Тур де Франс 2014, Тен Дам бил избран да ја предводи екипата Белкин со Бауке Молема. Низ Возегите, на деветтата и десеттата етапа, Тен Дам веќе доцнел скоро осум минути зад предводникот на трката, Винченцо Нибали, поради што му го препуштил водството на Молема. Формата на Тен Дам слабо се подобрувала како трката одела кон Алпите, завршувајќи осми на етапите 13 и 14. Со подобрата форма и на Пиринеите, Тен Дам успеал да заврши помеѓу првите десет во Париз, односно на деветтото место.
Во октомври 2015 година било објавено дека Тен Дам ќе се приклучи на со едногодишен договор за 2016 година, откако поминал осум години со , комбинирајќи настапи во САД и трки во Европа и поддршка на Варан Баргиј и Том Димулен преку неговите вештини за искачување и тактичко знаење.
Достигнувања
2006 1. Планински пласман Стер Електротур 2. Етапа Курс де ла Солидарите Олимпик (ITT) 2007 8. Краен пласман Трка околу Германија 9. Краен пласман Волта а Каталуња 2008 1. Етапа 1 Критериум Интернационал 2009 1. 20п Планински пласман Тур де Романди 2011 5. Краен пласман Тур Даун Андер 6. Краен пласман Трка околу Калифорнија 8. Краен пласман Тур де Свис 2012 8. Краен пласман Вуелта а Еспања 2013 3. Краен пласман Тур ду Хаут Вар 8. Краен пласман Трка околу Норвешка 2014 8. Краен пласман Трка околу Калифорнија 9. Краен пласман Тур де Франс 2016 10. Краен пласман Трка околу Калифорнија
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро—28———————3435СО 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур2160—582813992736751 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта——СО—8СО44————
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1980 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Холандски велосипедисти Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2008 Категорија:Олимписки велосипедисти на Холандија