Тажево — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба

Историја Жителите на село Тажево биле населени од друго село, Попои Куќи, кое денес не постои. Тоа село постојано било напаѓано и ограбувано од Турците, па така еден ден група Турци почнале да го оргабуваат и им ја зеле цела стока, па месното население останало без ништо и било принудено да се пресели на друго место. Името на селото го добило по тоа што луѓето кога бегале од Попои Куќи и се населувале на друго место, многу тажеле, па од самите жители го нарекле – Тажево. (Според Марко Цепенков)

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Тажево имало 215 жители, сите Македонци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.258. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Тажео имало 200 Македонци патријаршисти.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.156-157.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Тажио (Тожево) се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот Санџак со 20 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле само 7 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Родови

Тажево е чисто македонско православно село. По преданието селото најпрво се наоѓало покрај реката Треска, на местото Попови куќи. Но, поради чума селото целосно опустело. Имало, кажуваат толку многу мртви, што луѓето не можеле да ги погребаат, него кучињата ги јаделе. Во селото останале брат и сестра, братот отишол со стоката, а сестрата отишла во Црква. Но, по пат ја нападнале кучиња и бегајќи скршила нога, поради што останала саката. Потоа, некој Петре Дебранец, овчар, дошол во селото да чува овци. Братот му ја дава сестрата и тој се жени со неа. Но, бидејќи не можеле убаво да се согласуваат, зетот и сестрата одат и го основаат селото Брезница, а братот останува во Тажево. Од братот води потекло цело село.

Родови во Тажево се: Костевци-Пауновци (7 к.); Димовци (2 к.); Петковци (1 к.); Јандријовци (3 к.); Стојовци (6 к.) и Вељановци (1 к.).

Културни и природни знаменитости Црква „Св. Илија“ - Тажево

Археолошки наоѓалиштаЕвидентирани Археолошки наоѓалишта во и околу ПНП Јасен Градиште — градиште од средниот век; Брчка — населба и некропола од римско време; Селиште — населба и црква од средниот век; Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0269 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место бил запишан вкупно 1 гласач. На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место бил запишан вкупно 1 гласач.

Редовни настани

Личности Личности родени во Тажево: Ѓорѓија Ристески (1921 - 1944) — загинат во НОБ. Ефремија Наумоски (1919 - 1944) — загинат во НОБ. Живко Силјаноски — политичар од редовите на СДСМ

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Поречки села Категорија:Села во Општина Македонски Брод