Полицентричен јазик или плурицентричен јазик, е јазик кој има повеќе од една стандардна форма, во пишана или говорна форма.

Полицентрични јазици Англискиот јазик е полицентричен јазик со неколку јазични норми. Некои од нормите на англискиот јазик се: британски англиски јазик, американски англиски јазик, ирски англиски јазик, шкотски јазик (германски), австралиски англиски јазик, јужноафрикански англиски јазик и многу други варијанти во регионите каде се протегала Британската Империја. Францускиот јазик има три стандардни форми: стандарден француски јазик, канадскофранцуски јазик и меѓународен француски јазик. Српскохрватскиот е полицентричен јазик со четири стандардизирани норми: српски јазик, хрватски јазик, босански јазик и црногорски јазик Овие јазици се разликуваат до одреден степен, но не до тој степен за да не можат да се разберат. Ерменскиот има две литературни норми: источноерменски јазик и западноерменски јазик Холандскиот и африканс, иако се посебни јазици, може да се сметаат за две норми на еден јазик. Корејскиот јазик има две норми, една со Јужна Кореја, една во Северна Кореја. коми, кој е уралски јазик и се зборува во Русија, има две стандардни норми: комиско-зирјански јазик и комиско-пермјачки јазик. Курдскиот има две литературни норми: севернокурдски јазик и централнокурдски јазик. Малајскиот и индонезискиот се сметаат за две стандардни норми на еден јазик. Двата јазика денес се сметаат за засебни. Романскиот и моладавскиот јазик се две норми на еден јазик, иако понекогаш се сметаат за засебни. Персискиот има три стандардни норми: дари, таџички јазик и персиски јазик. Каталонскиот и валенсискиот јазик се сметаат за две стандардни норми на еден јазик. Двете норми имаат различен правопис и се користат двете посебни имиња. Кинескиот има две пишани стандардни норми: упростено кинеско писмо и традиционално кинеско писмо. Што се однесува за говорниот јазик, стандардни норми на кинескиот јазик се: мандарински јазик и кантонски јазик. Јазикот има поголем број дијалекти кои не се сосема разбирливи меѓу себе. Хинди и урду се две стандардни норми на еден јазик. Португалскиот јазик има две стандардни норми: европски португалски јазик и бразилски португалски јазик.

Наводи

Поврзано

Дијалектен континуитет Дијасистем Стандарден јазик Национален јазик

Надворешни врски Јазични однесувања и јазични концепции кај недоминантни варијации на полицентрични јазици, Рудолф Мур

Категорија:Јазични разновидности и стилови