__БЕЗСОДРЖИНА__

Тенкостеблената детелина (науч. Trifolium dubium, синоним: Trifolium minus) — едногодишен вид од родот детелина во фамилијата бобови опишана од Џон Сибторп. По обичај, ова е главното растение што ја претставува традиционалната ирска детелина ().Недостатокот на детелини во Ирска причинува загриженост за денот на Св. Патрик - П. Купер на Irish Central

Растението е автохтоно во Европа, но се среќава и во други краишта како внесен вид. Веројатно е алотетраплоидно, произлезено од вкрстување на полската детелина (Trifolium campestre) со тенката детелина (Trifolium micranthum).Ansari, H. A., et al. (2008). Molecular and cytogenetic evidence for an allotetraploid origin of Trifolium dubium (Leguminosae). Chromosoma 117(2):159-67.

Опис Тенкостеблената детелина е едногодишно, високо до 25 см. Стеблото е исправено, разгрането и по површината покриено со ретки прилегнати влакна насочени нагоре. Стеблените листови имаат многу куси дршки, долги 2–5 мм. Листовите се обратно-срцевидни до обратнојајцевидни, долги 5–10 мм, голи, со плитко назабен врв. Средното ливче има подолга дршка од страничните. Прилисниците се долги околу 3 мм, јајцевидни, со проширена основа и заострен врв, а по работ се покриени со ретки долги влакна.

Соцветијата се мали, топчести, а по прецветувањето стануваат полутопчести и се спуштаат надолу. Тие имаат пречник од 8–9 мм и содржат 6–12 цветови. Дршките на соцветијата се подолги од соодветниот пазувен лист и по површината се покриени со прилегнати влакна. Цветовите се долги 3–3,5 мм, сулфурножолти, а по прецветувањето стануваат кафеавожолти. Цветните дршки се голи и покуси од трубестиот дел на чашката.

Чашката е гола, долга околу 2 мм, со линејни запци. Нејзиниот трубест дел е долг околу 0,5–0,7 мм. Горните запци се долги колку трубестиот дел на чашката, а долните се двојно подолги. Барјачето е долго 3,5–4 мм и има речиси незабележливи надолжни бразди. Крилцата се малку покуси од барјачето, а лаѓичката е малку покуса од крилцата. Столпчето е мало и благо искривено. Плодот е мешунка долга колку венчето или малку подолга од него.

Распространетост во Македонија Тенкостеблената детелина расте по брдски пасишта и планински ливади до 1500 метри надморска висина. Растението се среќава само во селото Негрево и планината Буковиќ во Пехчево и во планинската огранка Мумџица на планинскиот масив Јакупица.

Галерија

Поврзано Бела детелина

Наводи

Надворешни врски

Свети Петрик — леприкони, детелина и зелена боја во „Здравје и убавина“ Тенкостеблена детелина - профил на порталот на Министерството за земјоделство на САД

Категорија:Детелина Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија