Ивени — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.

Географија и местоположба Селото е сместено на источните падини на Селечка Планина, источно од Битола, во областа Мариово. Историја мини|лево|Прва светска војна: враќање на бегалци во разрушеното село Ивени. Во XIX век селото било дел од Прилепската Каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Стопанство

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ивени живееле 160 жители, сите Македонци.Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 245. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Ивени имало 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ивени се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 18 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.

Според пописот од 2002 година, селото брои 5 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 180 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Рапеш. Во изборното се опфатени населените места: Ивени, Брник и Рапеш.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 62 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Цркви Црква „Св. Петка“ — главна селска црква; и Црква „Вознесение Христово“ — гробишна црква.

Редовни настани

Петар Сугарев (?-?) роден во с. Ивени. Бил деец на ВМОРО, а по 1904 г. станал гркомански деец на грчката вооружена пропаганда. Со својата чета го напаѓа с. Брник каде го убива семејството на војводата Трајко Крало.

Култура и спорт

Личности

Јанко Колевски — партизан

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Село Ивени, Мариово

Категорија:Села во Македонија Категорија:Битолски села Категорија:Села во Општина Новаци

Категорија:Раселени села во Македонија