мини|десно|Влагата од воздухот се кондензира во течни капки при допир со студеното шише. мини|десно|Кондензација на прозорец на врнежлив ден. мини|десно|Кондензирана роса на гранчиња Кондензација (од лат. condensatio = „згуснување, збивање“) — промена во физичката агрегатна состојба на гасна состојба во течна и како појава е обратна на испарувањето. Кога состојбата на една материја преоѓа од гасна право во цврста, промената се нарекува десублимација (депозиција). Течноста настаната со кондензација се нарекува кондензат.
Настанок Процесот на кондензација започнува со образуввањето на атомски/молекулски грстови од еден вид во рамките на неговата гасовита зафатнина, како што се образуваат дождовните капки или снегулките во облаците, или пак со контакт помеѓу таквата гасна состојба и (растворлива) течна или цврста површина.
Повратност Во зависност од каратерот на површината, постојат неколку можности за повраток на агрегатната состојба. впивање во површината на една течност (од ист вид или друга течност што ја раствора) - се повраќа со испарување. адсорпција (како капки роса) на цврста површина при притисок и температура повисоки од тројната точка на тој вид — исто така се повраќа со испарување. адсорпција во цврста површина (како додатни слоеви на цврста материја) при притисок и температура пониски од тројната точка на видот — се повраќа со сублимација.
Најчести случаи Кондензацијата најчесто се јавува при ладењето и/или набивањето на пареата до крајна презаситеност, кога молекуларната густина во гасната состојба ја достигнува максималната граница. Направата што лади и набива пареа и ја собира кондензираната течност се нарекува „кондензатор“.
Мерење Стапката на кондензација во воздухот и испарувањето на водата од истиот при разни атмосферски притисоци и температури се мери со влагомер.
Кај живите организми Постојат разни организми што црпат вода по пат на кондензација. Такви се австралискиот гуштер молох, инсектите брашнари од брегот на Намибија и дрвата секвои од Западното крајбрежје на САД.
Поврзано Кондензатор Кондензат Влага Роса Бозе-Ајнштајнов кондензат Фазен преод
Наводи
Категорија:Термодинамика Категорија:Метеорологија Категорија:Фазни премини Категорија:Загревање, вентилација и климатизација