Александар Василевич Колобнев (1, 2 ; р. во Викса, Руска СФСР) — руски професионален друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата . Колобнев бил член на екипата, пред да биде привремено суспендиран откако се покажал позитивен на тест за допинг. Тој бил прогласен за чист од наметнатиот допинг од Арбитражниот суд за спорт во февруари 2012, и се вратил во во март 2012.
Кариера
Првата година како професионалец во 2002 ја поминал со . Во втората сезона потпишал со Домина Ваканце. Таму ја освоил својата прва победа на етапата 2 на Сетимана Сиклистика Копи-Бартали. Останал со Домина Ваканце до сезоната 2004 кога потпишал со UCI ProTeam екипата . Со Рабобанк успеал да ја освои првата етапа Вуелта а ла Комунидад Валенсијана во 2006. За сезоната 2007 се префрлил во , сега позната како Саксо Банк, освојувајќи ја третата етапа на Париз-Ница и втор на Светските друмски првенства UCI.
Колобнев завршил четврти на друмската трка на Олимписки игри 2008. Подоцна, второпласираниот и сребрен медалист Давиде Ребелин се покажал позитивен на допинг тестовите, предизвикувајќи МОК да му го одземен сребрениот медал. Со тоа UCI го сместил Колобнев на третото место во поредокот на трката, а бронзениот медал му бил доделен во јануари 2010.Колобнев сè уште чека за олимписката бронза
Тој живее во Денија, Шпанија со неговата жена Дарија и двајцата синови, Давид и Александер.
На Тур де Франс 2011 се покажал позитивен на диуретикот хидрохлортиазид, агент кој може да го сокрие присуството на дроги и лекови во организмот. Потоа бил повлечен од трката од неговата екипа, и неговите резултати за таа етапа биле поништени. И покрај тоа што и неговиот Б примерок исто така се покажал позитивен, тој добил казна само од руската велосипедска федерација. Меѓутоа, оваа одлука подоцна била обжалена од UCI до CAS, каде бил прогласен за невин по сите обвиненија на 29 февруари 2012.Александар Колобнев избегна допинг забрана, но казнет со 1.040 фунти Колобнев му се приклучил на во март 2012.
Во 2012, Меѓународниот велосипедистички сојуз покренал истрага за Колобнев и казахстанскиот возач Александар Винокуров поради обвинувањата од швајцарскиот весник L’lllustre и италијанскиот весник Corriere della Sera. Го обвиниле Винокуров за склопен договор со Колобнев во 2010 со цел да му помогне на Винокуров да победи на Лиеж-Бастон-Лиеж. Биле обвинети дека размениле 150 илјади евра. Истрагата на UCI сè уште е во тек.
Достигнувања
2003 1. Етапа 2 Сетимана интернационале ди Копи е Бартали 2. Џиро дел’Емилија 2004 1. 20п Национално друмско првенство 1. Најдобар млад возач Сетимана интернационале ди Копи е Бартали 10. Олимписка друмска трка 2005 7. Светски друмски првенства UCI 2006 1. Етапа 1 Вуелта а ла Комунидад Валенсијана 2007 1. Монте Паски Ероика 1. Етапа 3 Париз-Ница 1. Етапа 2 (ТТТ) Трка околу Германија 2. 15п Светски друмски првенства UCI 2008 2. Класика де Сан Себастијан 3. Џиро дел’Емилија 3. 20п Олимписка друмска трка 2009 2. 15п Светски друмски првенства UCI 2. ГП Мигел Индураин 3. Џиро ди Ломбардија 3. Краен пласман Тур де Валони 4. Краен пласман Трка околу Ирска 6. Амстел Голд Рејс 9. Лиеж-Бастон-Лиеж 2010 1. 20п Национално друмско првенство 2. Лиеж-Бастон-Лиеж 3. ГП Мигел Индураин 4. Џиро дел’Емилија 7. Светски друмски првенства UCI 2011 2. ГП Мигел Индураин 5. Амстел Голд Рејс 2012 3. Гран при Монтреал 4. Краен пласман Трка околу Полска 2013 3. Краен пласман Тур де Валони 1. Етапа 1 3. Тре Вали Варезине 7. Страде Бјанке 9. Копа Уго Агостони 2014 7. ГП Мигел Индураин 10. ГП Кантон Аргау
Распоред на резултатите на Гранд Тур
Гранд Тур2005200620072008200920102011201220132014201520п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро2171СО————————20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур—————65СО————20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта54—51403129———40—
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1981 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Руски велосипедисти Категорија:Олимписки велосипедисти на Русија Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2004 Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2008 Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012 Категорија:Олимписки бронзени медалисти за Русија Категорија:Олимписки медалисти во велосипедизам