Шипокно — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.

Потекло на името

Името на селото веројатно потекнува од апелативот „шипок, шипка, шипинка“.

Географија и местоположба

Ова село се наоѓа во Охридско, во средишниот повисок дел на територијата на Општина Охрид. Селото е планинско, на надморска височина од 930 метри. Од градот Охрид, селото е оддалечено 7 километри.

Куќите на ова мало село се наоѓаат на падина на планината Галичица, на височина околу 1.000 метри. Селото е сместено недалеку од туристичката населба Свети Стефан. Околни села се Велестово на исток и Коњско на југ. Во минатото мештаните користеле една чешма за вода за пиење.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Свети Стефан, Краста, Елен, Висок Камен, Дол и други.

Селото се наоѓа на планината Галичица, над источниот брег на Охридското Езеро. Во близината на езерото по Втората светска војна на атарот на селото биле изградени бројни туристички објекти, каде подоцна израснала и населбата Свети Стефан.

Историја

Денешното село не е многу стара населба. Основано е на истоименото селиште во текот на отоманскиот период. Основачи биле три рода, од кои потекнуваат денешните селски родови.

До 1912 година, селото претставувало чифлиг на Јаја-ага од Охрид. Меѓутоа, потоа тој бил протеран и земјата му била одземена.

Во век, Шипокно било село во Охридската Каза на Отоманското Царство.

Стопанство

За селото никогаш не била извршена катастарска евиденција и нема податоци за распределбата на атарот по функција.

Околу селото се наоѓаат пространи планински пасишта. Поради нив, до Втората светска војна, мештаните се занимавале главно со сточарство. Најмногу биле одгледувани кози, овци и говеда. Исто така, мештаните оделе и на печалба.

По војната, мештаните се вработиле во градот Охрид во растечката индустрија.

Население

Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото Шипокно имало 5 домаќинства и 24 жители.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 100-101.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Шипокно живееле 30 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 252 Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Шипокно имало 32 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 162-163.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Чипокно е претставено како чисто македонско село во Охридската Каза на Битолскиот Санџак со 5 куќи.

Селото е мало и е населено со македонско население. Тоа, во 1961 година броело 80, а во 1994 година 212 жители. До пописот од 1994 година била броена и туристичката населба Свети Стефан во рамки на селото.Податоците за населеното место Свети Стефан, согласно важечките територијални организации за време на пописите од 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 година, се содржани во податоците за населеното место Шипокно.

Според пописот од 2002 година, во селото Шипокно живееле 5 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 117 жители, од кои 110 Македонци, 3 Турци и 4 лица без податоци.

Родови

Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:

Староседелци: Затарковци (7 к.) и Бучковци (3 к.).

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Охрид.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од тогашната општина Охрид.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Галичица, во која покрај селото Шипокно, се наоѓале и селата Велгошти, Велестово, Елшани, Коњско, Лескоец, Љубаништа, Пештани, Рамне, Скребатно и Трпејца. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Шипокно, во која влегувале селата Велестово, Коњско и Шипокно.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1297 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на хотел „Бетон“ во населбата Свети Стефан. Во избирачкото место е опфатена и населбата Свети Стефан.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 99 гласачи.

Културни и природни знаменитости

мини|300п|десно|Поглед на манастирската црква „Св. Стефан“

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Нивата од Васил Бучкоски — некропола од доцноантичко време

Цркви Црква „Св. Стефан“ — манастирска црква

Манастири Шипокнички манастир — манастир во атарот на селото

Личности

Секула Ристов Алексовски — македонски револуционер од ВМОРО.

Иселеништво

Од селото се имаат иселено голем број домаќинства, главно во градот Охрид.

Наводи

Поврзано Општина Охрид Охрид

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Охридски села Категорија:Села во Општина Охрид