Ендру Александар „Енди“ Кол (роден на 15 октомври, 1971, во Нотингем, Нотингемшир) — поранешен англиски професионален фудбалер и тренер на Хадерсфилд Таун. Во деведесеттите универзално е познат како Енди Кол, но во 2000г., тој наводно, побарал да биде прозиван како Ендрју Кол.
Како играч, бил напаѓач од 1988 до 2008 г. Особено е запамтен по неговите настапи во Премиер лигата, во Манчестер Јунајтед, каде што поминал шест години од неговата кариера, освојувајќи бројни трофеи. Играл во најквалитетната шампионска лига на англискиот фудбал за клубови како Арсенал, Њукасл Јунајтед, Блекбурн, Фулам, Манчестер Сити, Портсмут и Сандерленд, како и во пониските лиги во клубови како Бристол Сити, Бирмингем Сити, Барнли и Нотингем Форест.
Поранешниот англиски интернационалец, Кол, е вториот најдобар стрелец во историјата на Премиер лигата. Во својата кариера, Кол има постигнато вкупно 187 гола, пласирајќи се зад Алан Ширер, кој постигнал 260 гола. Кол е еден од ретките играчи во Англија кој ги добива сите почести за англискиот фудбал, вклучувајќи го и PFA млад играч на годината, како и посакуваната Лига на Шампиони. Кол , настапил петнаесет пати за репрезентацијата на Англија меѓу 1995 и 2001 година, постигнувајќи еднаш, против Албанија во квалификациите за Светското првенство.
Клупска кариера Почеток на кариерата
Кол ја започнал својата кариера како младински играч на Арсенал, напуштајќи го училиштето во 1988 година, потпишувајќи како професионалец во 1989 година. Својот прв настап во лигата за Арсенал, го направил на 19 годишна возраст, како замена, против Шефилд Јунајтед на Хајбери во Првата Дивизија, играјќи на 29 декември 1990 година, каде што Арсенал победил со 4-1, но Кол не резултирал со гол. Како замена влегол и против Тотенхем во Суперкупот во 1991 година, имајќи шанса, но неговиот удар завршил покрај голот.
Следната сезона бил позајмен во Фулам во Третата дивизија, каде постигнал три гола на 13 натпревари, пред да биде продаден во Втората дивизија во Бристол Сити за договор од 500,000 фунти, во тоа време како најскапо платен играч на клубот во Ештон Гејт.
Откако се докажал како компетентен млад голгетер во Бристол Сити (започнувајќи ја сезоната 1992-93 во новата фудбалска дивизија, сега наречена Премиер), како една од најжешките можности во Англија, па неговото име било редовно поврзано со премиерлигашките клубови во сезоната 1992-93.
Њукасл Јунајтед
Во февруари 1993 година со победниците од Првата дивизија Њукасл Јунајтед, успеал да добие рекордни 1.750.000 фунти за неговите услуги. Тој постигнал 12 гола со што многу стратешки се пробил во Премиер лигата. Од тие 12 гола, дал два хет-трика, првиот против Барнсли на 7 април, вториот на последниот ден од сезоната со резултат од 7-1 против Лестер Сити. Исто така, го постигнал првиот од двата гола на клубот во нивната промоција издвојувајќи победа над Гримсби Таун на Blundell Park на 4 мај. Откако Дејвид Кели бил продаден на Вулверхемптон, менаџерот Кевин Киган го донел Питер Бердсли како партнер на Кол во сезоната 1993-94 во Премиер Лигата.
Кол постигнал 34 гола во 40 натпревари во текот на првата сезона на Њукасл во Премиер лигата со што клубот завршил на третата место, квалификувајќи се во Купот на УЕФА. Постигнал вкупно 41 гол во сите натпреварувања – кршејќи го рекордот за постигнување на голови на клубот поставен од страна на Хју Гелахер речиси 70 години порано (Гелахер уште го држи рекордот за најголем број на лигашки голови во една сезона со 36 постигнати погодоци). Неговиот прв гол во главната дивизија бил против Манчестер Јунајтед, бранителот на титулата од Лигата на шампионите (кој ја освои двојната) на Олд Трафорд на 21 август, со резултат 1-1. Ова бил првиот гол на Њукасл во Премиер Лигата.
Точно три месеци подоцна, тој ги постигнал сите три гола во натпреварот против Ливерпул на домашен терен со резултат 3-0. Друг хет-трик постигнал против Ковентри Сити на крајот на февруари, кој играјќи заедно со својот партнер Питер Бердсли, постигнувал смртоносни удари, со што клубот го донеле на третото место во лигата и за првпат од 1970година се квалификувале во Купот на УЕФА. Кол последователно бил прогласен за PFA млад играч на годината за таа сезона.
Кол постигнал девет гола во Премиер Лигата гола во 18 натпревари за Њукасл, на почетокот на 1994-1995 сезона, а исто така постигнал хет-трик против Ројал Антверпен во Купот на УЕФА.
Сè на сè, Кол дал 68 гола во 84 натпревари за Њукасл имајќи 81% од играта. Во однос на головите на игра за Њукасл, само Хју Гелахер има подобра евиденција. Неговиот последен погодок за Њукасл бил на домашен терен, играјќи нерешено 1-1 со Ипсвич Таун на 26 ноември 1994 година.
Манчестер Јунајтед
На 10 јануари 1995 година, Кол прави изненаден трансфер во Манчестер Јунајтед со договор вреден 7 милиони фунти- од кои 6 милиони фунти во готово, плус милион фунти отценети од Кит Гилеспи ако оди во спротивната насока, поставувајќи со тоа нов рекорд за најскап британски трансфер.
И покрај приклучувањето на пола сезона во 1994-95, Кол успеал да постигне 12 гола во само 18 натпревари во Премиер лигата на Манчестер Јунајтед. Ова го вклучува неговиот прв гол, извојувајќи победа над Астон Вила на 4 февруари на Олд Трафорд со резултат 1-0 и пет гола во големиот пораз против Ипсвич Таун, 9-0, правејќи го првиот играч кој постигнал 5 гола на еден натпревар во Премиер лигата.
Сепак, пропуштил цели две шанси во последните минути против Вест Хем Јунајтед на последниот ден од сезоната, и натпреварот завршил со 1-1, па титулата за таа сезона завршила во рацете на Блекбурн Роверс наместо кај Манчестер Јунајтед. Поради трансферот кој го направил на пола година немал право да игра во Суперкупот. Без него, Јунајтед изгубил од Евертон со 1-0. Јунајтед играле без казнетиот Ерик Кантона и повредениот Андреј Канчелскис, другите двајца најдобри стрелци таа сезона.
Неговата прва целосна сезона во Манчестер Јунајтед во 1995-96 година се покажала како многу тешка, особено со тоа што Кол се мачел да си го најде своето место на теренот, откако по враќањето на Ерик Кантона во тимот, играта била изградена околу него. Иако Кол постигнувал погодоци во четири последователни натпревари во текот на зимата, вклучувајќи го и голот со кој го отворил натпреварот против конкурентите за титулата Њукасл Јунајтед на 27 декември, со краен резултат 2-0, бил исвиркан од страна на навивачите и добивал критики низ поголемиот дел од сезоната за пропуштените шанси и постигнувањето на само 14 гола. Сепак Кол, се вратил во форма и кон крајот на сезоната ги постигнал критичните гола, вклучувајќи го победничкиот гол во полуфиналето за Суперкупот против Челзи, со што го однел Јунајтед повторно на Вембли. Таа сезона го добил и својот прв медал во Премиер лигата, постигнувајќи го вториот гол во победата од 3-0 против Мидлсборо на последниот ден од сезоната, со што помогнал Јунајтед да победи во Премиер лигата по третпат во последните четири години. Играл и во финалето на Суперкупот на Англија и за првпат ја освоил двојната титула.
Пред почетокот на сезоната 1996-97 година Кол морал да се справи со понудата на Блекбурн Роберс да го земе за позајмен играч за 12 милиони фунти, со што би се донел Алан Ширер на Олд Трафорд. На крајот понудата била одбиена и Ширер се одлучил за Њукасл, наместо за Манчестер Јунајтед. И покрај јасната одлука на Алекс Фергусон да најде друг напаѓач, откако договорот со Ширер пропаднал, Кол се борел да остане во клубот, носејќи дрес со број 9, наместо дотогашната 17ка. Со доаѓањето на Оле Гунар Солшер, како и неговата голема повреда со две скршени нозе, во малициозниот судир со Нил Рудок играјќи како резерва против Ливерпул, неговите шанси за игра во првиот тим се намалиле. Сепак, Кол успеал да закрепне до декември истата година, играјќи во 20 натпревари таа сезона во Премиер лигата како замена. Сезоната ја завршил со неколку клучни погодоци во двете лиги (како на гости со противникот за титулата Арсенал) и во Лигата на шампионите (каде што постигнал гол против Порто, избран за најдобар гол во сезоната на европскиот фудбал) финиширајќи го својот кам-бек од повредата. Кол го постигнал и запечатувачкиот гол со историска победа на Јунајтед со 3-1 на Енфилд, на истото место кај што се здоби и со повредата само половина сезона порано, против Рој Еванс од Ливерпул, со што повторно помогнал Јунајтед да се здобие со четвртата титула во последните 5 години, а Кол го освојува својот 2 медал во Премиер лигата.
Во сезоната 1997-98 година, пензионирањето на Ерик Кантона, повторно го издигнува Кол како прв избор на напаѓач, покажувајќи ја неговата најдобра форма досега за клубот, со што станува најдобар стрелец во Премиер лигата во текот на сезоната со 18 погодоци, вклучувајќи мноштво на спектакуларни гола, од кои еден против Евертон, кој навивачите го прогласиле за гол на сезоната. Кол, развил силно партнерство со Теди Шерингам (и покрај значајните лични судри), но Јунајтед завршил без трофеј за само 2 пат во 9 сезони, губејќи од Арсенал на крајот. Кол го постигнал првиот хет-трик играјќи на гости на Феенорд, завршувајќи ја сезоната како финалист на PFA Играч на годината заедно со Денис Беркамп од Арсенал. И покрај оваа акредитација, како вдечки стрелец на сезоната со 25 погодоци, не бил дел од составот на англиската репрезентација на Светското првенство предводен од тогашниот селектор Глен Худл. Кол останал оптимист, па во едно интервју изјавил дека конечно ја нашол слободата во својот живот, особено по повредите од претходната сезона, велејќи дека е премногу радосен со новородениот син, живее за него и неговото семејство, чувствувајќи се како повторно роден христијанин. Пријателството со Рајан Гигс било главниот мотивирачки фактор низ тешките времиња, особено кога навивачите на Јунајтед прокламираа сомнеж во неговата игра.
Кол се соочил со нова конкуренција со потпишувањето на нови играчи како Двајт Јорк, Теди Шерингам и Оле Гунар Солшер во текот на сезоната 1998-99 година, но тоа довело до успешна соработка со Јорк. Кол и Јорк придонеле 53 голови меѓу нив и биле оценети како најдобриот тандем играчи во Европа, кои како тандем постигнувале голови на гостински терен против екипи како Барселона на Камп Ноу, повторувајќи ја сезоната со неверојатни движења и асистенции што на моменти се чинело дека демонстрираат телепатско разбирање. Кол одигра клучна улога во големата Премиер лига, ФА Купот и Лигата на Шампионите. Тој го постигна победоносниот гол со кој Јунајтед завршил бод пред соперникот Арсенал. Исто така, го постигнал третиот и победнички гол на Јунајтед во Лигата на шампионите во полуфиналниот реванш против Јувентус, запечатувајќи го нивното место во финалето за првпат во повеќе од 30 години. Оваа сезона, Кол го постигнал својот 100-ти гол го Премиер лигата во врвот на табелата против Арсенал на Олд Трафорд на 17 февруари, а натпреварот заврши со 1-1.
За време на пред-сезоната на турнеја на Јунајтед во Австралија во јули 1999 година, Кол бив вмешан во жесток судир при кој австралискиот дефанзивец Симон Колосимо кој останал 6 месеци неподвижен и му била потребна целосна реконструкција на коленото. Пред повредата тој бил еден од најдобрите млади фудбалери во Австралија, кој планирал да направи голем трансфер во Европа, но никогаш не успеал да направи кариера на стариот континент, и покрај неколкуте настапи за Манчестер Сити.
Кол повторно бил најдобар стрелец на сезоната во Премиер лигата со 19 постигнати гола, во 28 натпревари. Собрал четири медали во пет одиграни сезони и постигнал повеќе од 20 гола во сите натпреварувања за третата по ред сезона. Кол постигнал многу голови за Јунајтед, вклучувајќи го и голот против своите најблиски соперници Лидс Јунајтед, во врвот на табелата. Се приклучил и во елитната група на играчи, постигнувајќи го својот 1000-ти гол за клубот, нерешено 2-2 против Вимблдон.