Јованка Орлеанка (фран.: Jeanne d'ArcHer name was written in a variety of ways, particularly prior to the mid-19th century. See Pernoud and Clin, pp. 220–221. She reportedly signed her name as "Jehanne" (see www.stjoan-center.com/Album/, parts 47 and 49; it is also noted in Pernoud and Clin). ) ( — ) — народна хероина на Франција и Светец на Католичката црква. Уште на 17 години, таа ја командувала француската кралска армија, убедувајќи го кралот Шарл VII да ги истера Англичаните од Франција и подоцна, овозможувајќи го неговото крунисување.
Во 1429. на чело на неколку стотици Французи, кај Поатје ги победи англиските освојувачи и го зазеде градот Орлеан. Бургундијците ја заробуваат во 1430. и им ја предаваат на Англичаните, по што е осудена за ерес и запалена на кол во 1431 во градот Руан.
Во 19 век, таа е прогласена за француска национална хероина. Јованка Орлеанка е прогласена за светица од страна на Католичката црква на почетокот од XX век. Моментално, Република Ирска, Канада, Велика Британија и Соединетите Американски Држави покажуваат голем интерес во нејзините дејствија. Јованка Орлеанка се смета за силна жена полна решеност и вера.
Ран живот Јованка Орлеанка е родена околу 1412 година во селото Домреми во војводството Лорен, во североисточна Франција. Доаѓала од сиромашно селско семејство; нејзиниот татко Жак д'Арк бил земјоделец, а мајка ѝ Изабел Роме била домаќинка. Како дете била неписмена и работела во полето. Според нејзините подоцнежни сведоштва, на 13-годишна возраст почнала да доживува мистични виденија и да слуша гласови од архангел Михаил, света Катерина Александриска и света Маргарита Антиохиска. Гласовите ѝ наложувале да го ослободи Франција од англиската власт и да го круниса престолонаследникот Шарл VII за крал.
Воени кампањи
Во периодот на нејзиното раѓање траела Стогодишната војна (1337–1453) меѓу кралствата Англија и Франција. До 1420-тите години Франција била во тешка криза: англиските сили и нивните бургундски сојузници контролирале голем дел од територијата, а градот Орлеан бил под опсада од 1428 година. Францускиот престол бил во прашање поради династички спорови.
Во февруари 1429 година, 17-годишната Јованка успеала да се сретне со Шарл VII во замокот Шинон. По испитување од теолози и воена проверка, тој ѝ дозволил да се приклучи на војската. Облечена во машки оклоп и со сопствено знаме, Јованка пристигнала во Орлеан на 29 април 1429 година. Под нејзино водство француските сили ја кренале опсадата на Орлеан на 8 мај 1429 година – прва голема победа по долготрајни неуспеси.
По Орлеан следувале низа успешни битки (Пате, Труа, Бопе). На 17 јули 1429 година Шарл VII бил крунисан за крал во катедралата во Рајмс, традиционалното место за француските крунисувања. Јованка била присутна на церемонијата.
Заробување и смрт мини|Минијатура на погубувањето на Јованка Во мај 1430 година, за време на опсадата на Компјењ, Јованка била заробена од бургундските сили. Тие ја продале на Англичаните за 10.000 ливри. Судењето започнало во јануари 1431 година во Руан под раководство на бискупот Пјер Кошон. Обвиненијата вклучувале ерес, лажно пророкување, носење машки облека и неподчинување на Црквата. И покрај нејзините уверливи одговори, на 30 мај 1431 година Јованка била осудена и спалена на клада на плоштадот во Руан, на возраст од 19 години.
Јованка Орлеанка како тема во уметноста и во популарната култура Јованка Орлеанка се јавува како тема на повеќе дела во уметноста и популарната култура, како: „Јованка Орлеанка“ — опера на Џузепе Верди од 1845 година. „Јованка Орлеанка“ (англиски: Joan of Arc) — песна на канадскиот рок-музичар Леонард Коен од 1971 година.Leonard Cohen - Joan of Arc (пристапено на 12.11.2016) „Страдањето на Јованка Орлеанка“ (француски: La Passion de Jeanne d'Arc) — француски филм од 1928 година, во режија на Карл Теодор Драјер.IMDb, The Passion of Joan of Arc (1928), Awards (пристапено на 28.1.2017) „Јованка Орлеанка“ (англиски: Joan of Arc) — француски филм од 1999 година, во режија на Лик Бесон.IMDb, The Messenger: The Story of Joan of Arc (1999) (пристапено на 28.12.2014) „Јованка Орлеанка“ — драма на германскиот писател Фридрих Шилер од 1801 година.
Наводи
Надворешни врски Јованка Орлеанка мрежно место на француски, германски и англиски јазик
Категорија:Родени во 1410-тите Категорија:Починати во 1431 година
Категорија:Христијански маченици од 15 век Категорија:Христијански светци од 15 век Категорија:Римокатолици од 15 век Категорија:Историја на католицизмот во Франција Категорија:Француски светци Категорија:Личности од Стогодишната војна Категорија:Англикански светци Категорија:Христијански мистици Категорија:Погубени за кривоверство Категорија:Светици Категорија:Пророци во христијанството Категорија:Несигурна година на раѓање