Куќата на семејството Каневчеви (Крапчевци) ― староградска куќа во Охрид, заведена како Културно наследство на Македонија под името Куќа на ул. „Маршал Толбухин“ бр. 2. Куќата се наоѓа веднаш на југ од црквата Св. Софија.

Историја Куќата била изградена во втората половина на XIX век. Овде мајсторите-градители постигнале вистинска хармонија во градбата со неправилна основа што има приземје и два ката од кои секој нареден е поширок од претходниот. Нивната виртуозност особено доаѓа до израз на западната, челна фасада на куќата, при обработката на тимпанот како силна завршница на градбата каде што се чувствуваат извесни барокни влијанија.

Галерија

Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Охрид

Наводи

Надворешни врски Национален регистар на градби кои се културно наследство (Ажуриран список согласно до 31 декември 2012 година) Управа за заштита на културното наследство Управа за заштита на културното наследство (архивирана страница)

Крапчевци Категорија:Знаменитости во Охрид Крапчевци