Никодин — село во областа Раец, во Општина Прилеп, на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп.

Географија и местоположба Никодин се наоѓа во североисточниот дел на Општина Прилеп, во горното сливно подрачје на реката Раец, под североисточната падина на планината Бабуна. Селото се простира на надморска височина од 600 м. Од градот Прилеп е оддалечено 37 км. Неговиот атар зафаќа површина од 52,6 км2.

Историја Во XIX век, селото било дел од Велешката Каза на Отоманското Царство.

На 4 април 1907 година, селото било нападнато од страна на српска чета и било заштитувано од селската полиција. Четите на ВМОРО предводени од Петар Ацев и Георги Попов пристигнале да им укажат помош на селаните, така што успеале да го одбранат селото, но војводата Георги Попов загинал во битката.Биография на Георги Попов на сайта на ВМРО-БНД София

Во Првата балканска војна, од селото имало двајца доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 866.

Стопанство Селото има мешовита земјоделска функција. Во рамки на селскиот атар преовладуваат шумите на површина од 2.528 ха, на пасишта отпаѓаат 1.512 ха, а обработливото земјиште зафаќа површина од 1.029 ха.

Население

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Никодин било село со 80 домаќинства и 343 жители.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 182-183.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Никодин имало 70 куќи.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 158. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 240 жители.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 118-119.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.

Од Никодин се иселил значителен број од населението и селото преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година броело 437 жители, а во 1994 година само 10 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 7 жители, од кои 6 Македонци и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жители, Македонец.

Родови Никодин е македонско село.

Според истражувањата од 1920-тите, Родови во селото се:

Староседелци: Поповци (26 к.), Видовци-Пирковци (8 к.), Голичовци (2 к.), Мирчевци (2 к.), Чундевци (7 к.), Тодевци (4 к.), Миновци (9 к.), Ордановци (5 к.), Кишковци (7 к.), Сурковци (3 к.), поп-Ристовци (9 к.) и Момировци (4 к.) Доселеници: Новоселци (9 к.) доселени се од раселеното село Желишта кај Грбовец во средината на XVIII век; Глоговичани (6 к.) доселени се од раселеното село Глоговица; Варижановци (3 к.) доселени се од селото Фариш; Бошњаковци (1 к.) доселени се од селото Ракле; Балчевци (1 к.) доселени се од селото Крстец; Паровци (1 к.) доселени се од селото Ракле.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Прилеп од 1962 година. Претходно, во периодот од 1950 до 1952 година, тоа било дел од Прилепската околија; во периодот од 1952 до 1955 година било дел од Општина Тројаци; а во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во склоп на Општина Плетвар.

Избирачко место

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1429 кое е сместено во приватна куќа.

Во вториот круг на претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5 гласачи.

Културни знаменитости мини|десно|200п|Старата манастирска црква „Св. Троица“ мини|десно|200п|Црквата „Св. Атанасиј“

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069. Антон Грамади — населба и некропола од доцноантичко време; Бресје — осамени наоди од римско време; Глоговица — некропола од римско време; Кутра — населба од римско време, Нерезиње — некропола од доцноантичко време.

Манастири Никодински манастир.

Цркви Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква изградена во 1935 година;„Црква „Св. Атанасиј“, село Никодин “. OldPrilep. 10 декември 2011. Црква „Св. Троица“ — стара манастирска црква;„Црква „Света Троица“, село Никодин “. OldPrilep. 17 април 2017. Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — нова манастирска црква.„Манастир „Раѓање на Пресвета Богородица“, село Никодин “. OldPrilep. 28 февруари 2017. Личности Родени во Никодин Харалампиј Перев — македонски револуционер. Трајанка Јовчевска (1959–2013) — македонски археолог. Ванде Велјаноски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. Ордана П. Велјанова — учесник во НОВ на Македонија Цена Велјанова — учесник во НОВ на Македонија Коца Стеванова Јовановска (р.1925) — учесник во НОВ на Македонија Починати во Никодин Георги Попов (? - 1907) — револуционер и војвода на ВМОРО; Блажо Тодоровски (1902-1943) — партизан и борец во НОБ.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Прилеп