Трудовa економија — дисциплина која обидува да го разбере функционирањето и динамиката на пазарите на труд. Пазарите на труд функционираат преку интеракција помеѓу работодавците и работниците. Трудовата економија се насочува кон добавувачите на трудови услуги (работниците), побарувачите на трудови услуги (работодавците) и се обидува да ги разбере резултатите од промените во платата, вработеноста и приходот.

Во економијата, трудот е мерка за завршената работа од страна на луѓето. Тој е во контраст со другите фактори на производство како на пример земјата и капиталот. Постојат теории кои развиле концепт наречен човечки капитал (се однесува на вештините кои работниците ги поседуваат, без разлика на нивната моментална работа), како и теории од макроекономските системи кои се спротиствуваат на овој начин на размислување.

Компензација и мерење Платата е основна компензација за платениот труд, а компензацијата за вложениот труд во одреден временски период се нарекува стапка на плата.

Помеѓу останатите често употребувани изрази се: плата = исплата за единица време (најчесто еден саат) заработка = собрана испалата за одреден временски период (најчесто недела, месец или година) целосна компензација = заработка + други надоместоци за вложениот труд приход = целосна компензација + непристигнат приход економска рента = целосна компензација + опортунитетен трошок

Економистите го мерат трудот преку сработени саати, вкупни плати или ефикасност. вкупен трошок = фиксни трошоци + варијабилни трошоци

Побарувачка за работна сила и одредување на плата Трудовата побарувачка е извлечена побарувачка: така е поради тоа што ангажирањето на работна сила не се случува по нечива сопствена волја, туку се случува поради неговото влијание врз производниот аутпут, што, пак, придонесува до обостран профит. Побарувачката за додатна работна сила зависи од маргиналниот приход од продуктивност (МПП) и од маргиналниот трошок (МТ) за работникот. МПП-то се пресметува со множење на цената на крајниот производ или услуга со маргиналниот физички производ на работникот. Доколку МПП-то е поголемо од маргиналниот трошок на претпријатието, тогаш истото ќе го вработи работникот со оглед на тоа што оваа постапка ќе го зголеми приходот. Во економската теорија се вели дека фирмата вработува работници сè до точката каде се израмнуваат МПП-то и МТ, односно МПП=МТ.

Платната разлика постои, особено во мешаните и целосно/делумно флексибилните пазари на труд. На пример, платата на доктор и медицинска сестра, двајцата вработени во иста институција, има голема разлика. Зошто? Има многу фактори кои се поврзани со овој проблем. Тука е вклучен и МПП-то (види погоре) на работникот. МПП-то на докторот е далеку поголем од тоа на медицинската сестра. Додатно на тоа, пречките во постанување на доктор се далеку поголеми од оние за постанување медицинска сестра. Имено, да се стане доктор е потребно многу повисоко образование и пракса, што само по себе чини многу повеќе пари и само оние со социјална и интелектуална предност можат да успеат во оваа професија. Во споредба со тоа, образованието и тренингот за медицинска сестра бара далеку помало вложување на труд и парични средства. Со оглед на претходно изнесените фактори, понудата на доктори ќе биде понееластична за разлика од понудата на медицински сестри. Побарувачката, исто така, ќе биде нееластична со оглед на тоа што докторите се основна потреба на институцијата. Следствено на тоа, истата ќе понуди многу повеќе пари за вработување на доктори, отколку за вработување на медицински сестри.

МПП-то од работникот е под влијание на други инпути на производството со кои работникот би можел да ја извржува својата должност (на пример: машинерија), често сумирани под поимот „капитал“. Типично за економските модели е тоа што поголемата достапност до капиталот на претпријатието го зголемува МПП-то на работникот. Образованието и тренингот на работникот се вбројуваат во „човечки капитал“. Со оглед на тоа што количината на физички капитал влијае врз МПП-то и приливот на финансиски капитал се одразува врз количината на достапниот физички капитал, МПП-то и платите можат да бидат под влијание на приливот на финансиски капитал во една и помеѓу повеќе држави, како и степенот на капитална мобилизација во една и помеѓу повеќе држави.

Макро и микро анализи на пазарите на труд Постојат две страни на трудовата економија. Трудовата економија може генерално да биде сметана како примена на микроекономските или макроекономските техники во пазарот на трудот. Микроекономските техники на изучуваат улогата на поединците и поединечни претпријатија во пазарот на труд. Макроекономските техники ја изучуваат интерактивноста помеѓу пазарот на труд, пазарот на добра, финансискиот пазар и странските пазари. Поточно, изучуваат како овие интеракции влијаат врз макро варијабилите како ниво на вработеност, стапка на учество, вкупен приход и БДП.

Макроекономија на пазарите на труд Работната сила е дефинирана како број на поединци од 18 или повеќе години, со исклучок на оние во војската, кои се или вработени или активно бараат работа. Стапката на учество е бројот на луѓе во работната сила поделен со големината на возрасната цивилна неинституционализирана популација (со популацијата која е на дозволена возраст за да стапи во работен однос, а не е институционализирана). Неработната сила ги вклучува оние кои не бараат работа, оние кои се институционализирани во места како затвор или психијатриска болница, сопруги кои работат само дома, деца и оние кои служат во војска. Нивото на невработеност е дефинирано како разлика помеѓу работната сила и бројот на моментално вработени луѓе. Стапката на невработеност е дефинирана како количник помеѓу нивото на невработеност и работанта сила. Стапката на вработеност е дефинирана како количник помеѓу моментално вработените луѓе и бројот на луѓе кои се доволно возрасни за да стапат во работен однос. Во овие статистички податоци, самовработените луѓе се сметаат за вработени.

Варијабилите како ниво на вработеност, ниво на невработеност, работна сила и неисполнети места се нарекуваат стоковни варијабили бидејќи се квантитативно мерени во одредени временски периоди. Тие можат да бидат во контаст со тековните варијабили кои ја мерат количината за одреден период. Промените во работната сила се должат на тековните варијабили како природен популационен пораст, нето имиграција, нови исполнувања на возрасната граница и пензионирања. Промените во невработеноста зависат од: приливи составени од невработени луѓе кои започнале да бараат работа и вработени луѓе кои го загубиле своето работно место и се во потрага по ново; одливи на луѓе кои нашле работа и луѓе кои престанале активно да бараат работа. Гледајќи во целокупноста на макроекономијата се идентификувани неколку видови на невработеност, меѓу кои: Неусогласена невработеност. Се одразува на фактот што на луѓето им е потребно време да најдат и да се приспособат на новите работни места. Доколку 12 поединци, секој посебно, земе одмор од еден месец пред да започне на новото работно место, статистиката за вкупна невработеност ќе го означи ова како еден невработен работник. Технолошките напредоци често ја намалуваат неусогласената невработеност, како на пример: интернет пребарувачите ги намалија трошоците и времето за пронаоѓање на работодавач. Структурална невработеност. Се одразува на несогласувањето помеѓу вештините и другите атрибути на работната сила и оние кои ги бара работодавачот. Доколку 4 работници, секој посебно, земе шест месеци пауза од работа за дополнителен тренинг пред да почне да работи на новото работно место, статистиката за вкупна невработеност ќе го регистрира ова како двајца невработени работници. Брзите индустријални промени на техничката и/или економската природа обично го зголемуваат нивото на структурална невработеност, на пример: широко распространетата имплементација на нова машинераја или софтвер бараат од работникот да ги изучува овие новости пред да бара работа. Процесот на глобализација има придонес во структуралните промни во работната сила, некои домашни индустрии како текстилното производство се прошириле и имаат глобална побарувачка, додека дргуите индустрии како земјоделството се намалуваат поради големата конкуренција од интернационалните производители. Природна стапка на невработеност. Ова е збир на неусогласената и структуралната невработеност каде не се вклучени цикличните придонеси на невработеност, како на пример рецесијата. Таа е најниската стапка на невработеност која една стабилна економија може да очекува да ја постигне. Побарана дефицитарна невработеност. Во кејнсијанската економија, секое ниво на невработеност над природната стапка е најчесто причинето поради недостаток на побарувачка во целокупната економија. За време на рецесија, агрегатната потрошувачка е дефицитарна предизвикувајќи недоволно користење на инпутите (меѓу кои и работната сила). Агрегатната потрошувачка (АП) може да биде зголемена, според Кејнс, со зголемувањето на потрошувачката (C), зголемување на трошоците на конзументите (I), зголемени инвестиции (G) или со зголемување на разликата помеѓу извозот и увозот (X−M). AП = C + I + G + (X-M)

Неокласична микроекономија на пазарите на труд Неокласичните економисти гледаат на пазарот на трудот слично како и на останатите пазари во поглед на тоа што силите на понудата и побарувачката заедно ја детерминираат цената (во овој случај платежната стапка) и количината (во овој случај бројот на вработени луѓе.)

Сепак, пазарот на трудот се разликува од останатите пазари (како пазарите на добра и финансиските пазари) во неколку погледи. Можеби најважната од сите разлики е функцијата на понудата и побарувачката во одредувањето на цената и квантитетот. Во пазарите на добра, доколку цената е висока, постои долгорочна тенденција за прозиводство на повеќе добра сè додека не се задоволи побарувачката. Кај работната сила, прекумерната понуда не може делотворно да биде произведена поради тоа што дневните часови на луѓето се ограничени, а луѓе не се произведуваат.

Пазарот на трудот, исто така, игра улога на пазар кој не се чисти. Додека повеќето пазари имаат рамнотежна точка без вишок на понуда или побарувачка, за пазарот на трудот се очекува секогаш да има одредено ниво на невработеност. Во споредба со другите пазари, пазарот на трудот секогаш има и компензациони диференцијали помеѓу сличните работници. Конкурентната претпоставка води кон јасни заклучоци - работниците ја заработуваат маргиналниот прозивод на трудот.

Неокласичен микроекономски модел - Понуда

мини|десно|Реклама за работна сила од Саба и Саравак, видена во Куала Лампур. Домаќинствата се понудувачи на работна сила. Во микроекономската теорија, се претпоставува дека луѓето се рационални во обидот да ја максимизираат нивната корисност. Во овој модел на пазар на труд, нивната функција на корисност е одредена од изборот помеѓу приход и слободно време. Сепак, тие се ограничени од определените работни часови.

Нека w ја означува платата за еден час, k ги означува вкупно изработените часови, L да ги означува работните часови. π да ги означува другите приходи и придобивки и A да ги означува слободните часови.

Функцијата на корисноста и буџетските ограничувања можат да бидат изразени на следниов начин: макс U(w L + π, A) кога L + A ≤ k.