Аруна Коне (роден 11 ноември 1983, во Анијама) — брежански поранешен фудбалер, напаѓач.

Кариера Клупска кариера Коне ја започнал својата кариера во екипата на Рио Спорт во татковината, пред да се пресели во својот прв клуб во Европа, белгискиот Лирс во 2002 година.

Своето име го направил играјќи во холандската Ередивиси, носејќи ги дресовите на екипите на Рода и на ПСВ Ајндховен во кој поминал неполни 4 години од својата кариера и постигнал повеќе од 50 голови за овие два клуба. Исто така, тој освоил две титули со ПСВ во холандското првенство во сезоните 2005-2006 и 2006-2007.

Добрите игри во Холандија му донеле можност да направи трансфер во уште посилна лига, како што била шпанската Примера Дивисион, потпишувајќи за екипата на Севиља во 2007 година. Сепак, додека бил во Севиља воедно минал и низ неговиот најслаб период во кариерата, играјќи многу ретко како резултат на многубројните повреди. Својот прв гол за андалусијскиот тим го постигнал на 25 септември 2007 година против Еспањол, што останал и негов единствен за клубот во 40-те првенствени настапи.

Додека бил под договор со Севиља, тој бил испратен и на две позајмици: најпрвин во 2010 година, поминал една полусезона играјќи во Бундеслигата за Хановер 96, а потоа одиграл одлична сезона на заем во екипата на Леванте каде постигнал 15 погодоци на 34 првенствени натпревари во Примера Дивисион 2011-2012.

Во летото 2012 година, Коне конечно ја напуштил Севиља за стално и се преселил во Премиер лигата на Англија каде потпишал за Виган Атлетик, кој за неговите услуги платил 3.5 милиони евра. Своето деби за „Латикс“ го направил во натпреварот од првото коло на Премиер лигата 2012-2013, на 19 август против Челси, влегувајќи од клупата за резерви во 67-мата минута на местото на Франко Ди Санто. Една недела подоцна, на 25 август 2012, Коне бил стартер во натпреварот од второто коло против Саутхемптон, каде го постигнал и својот прв погодок за новиот клуб во 89-тата минута заверувајќи ја победата на Виган од 2-0. Тој го постигнал својот втор гол на 22 септември, во поразот на домашен терен со 2-1 од составот на Фулам. Својата единствена сезона во Виган Атлетик ја завршил со 11 погодоци во 33 настапи во Премиер лигата, но додал уште два гола во сензационално-победничката кампања на „Латикс“ во ФА купот.

На 8 јули 2013 година, Коне му се приклучил на Евертон, потпишувајќи три годишен договор со „карамелите“. Дебитирал на 17 август, влегувајќи како замена во ремито 2-2 против . Неговата прва сезона во клубот се завршила на најлошиот можен начин, откако претпел тешка повреда на коленото уште во октомври која го принудила да го пропуштил остатокот од сезоната, завршувајќи ја истата со само 6 одиграни натпревари. Тој се вратил во акција дури во декември 2014 година, кога и го постигнал првиот гол во дресот на Евертон во поразот со 3-2 од . Неговата најдобра сезона во Евертон била 2015-2016, кога во 31 настап постигнал 7 гола.

Во летото 2017, Коне како слободен играч потпишал за турскиот клуб Сиваспор. Во Сиваспор играл 4 сезони, постигнувајќи 35 гола на 122 натпревари, пред да премине во белгискиот деветтолигаш ВК Верде, каде и ја завршил својата кариера шест месеци подоцна.

Репрезентативна кариера На репрезентативана сцена, Коне ја претставувал селекцијата на Брегот на Слоновата Коска на Светското првенство 2006 и на три турнири на Африканскиот куп на нации (2006, 2008 и 2013).

Титули ПСВ Ајндховен Холандско првенство : 2 2005-2006, 2006-2007

Севиља Куп на Шпанија : 1 2010-2011

Виган Атлетик ФА Куп : 1 2012-2013

Сиваспор Куп на Турција : 1 2021-2022

Наводи

Надворешни врски

Аруна Коне на soccerway Аруна Коне на transfermarkt Аруна Коне на espn Аруна Коне на BDFutbol Аруна Коне на whoscored

Категорија:Фудбалери на ФК ПСВ Ајндховен Категорија:Фудбалери на ФК Лирс Категорија:Фудбалери на ФК Севиља Категорија:Фудбалери на ФК Хановер 96 Категорија:Фудбалери на ФК Виган Атлетик Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери на Сиваспор Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Брежански фудбалери Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2006 Категорија:Родени во 1983 година