Кантербери () — историски катедрален град во Англија,кој се наоѓа во срцето на градот Кантербери, област од грофовијата Кент во југоисточна Англија. Се протега на реката Стур.
Првобитно бил населен од бритско население,кое во I век римските освојувачи го преимениле во Durovernum Cantiacorum. Откако станал главно јутско население, го добил своето англиско име Кантербери,изведено од староанглискиот збор Cantwareburh( што значи „упориште на луѓето од Кент“-„Kent people’s stronghold“). Откако Кралството на Кент ја прифатилo xристијанската вера во 597г., свети Августин основал бискупска столица во градот и станал првиот Надбискуп на Кантербери, место кое сега ја управува црквата на Англија и светската Англиканска заедница( иако во денешно време провинцијата на Кантербери го покрива целиот јужен дел на Англија). Во 1170г., убиството на Томас Бекет во катедралата на Кантербери придонесува катедралата да стане место на поклонение на христијаните во светот. Ова поклонение му послужило на Џефри Чосер како инспирација за неговиот книжевен класичен текст наречен „Кантербериски приказни“ (The Canterbury tales). Книжевното наследство во овој град продолжило со раѓањето на драмскиот писател Кристофер Марлоу (Christopher Marlowe) во XVI век.
Во градот се зачувани многу историски градби, вклучувајќи го и бедемот кој датира од римскиот период и е повторно изграден во XIV век,потоа урнатините од опатијата св.Августин и норманскиот замок,и можеби најстарото школо во Англија, Кралевото училиште. Од модерните згради најважни се Универзитетот Кент (the University of Kent), Универзитетот „Крајст Чрч“ во Кантербери (Canterbury Christ Church University),театарот Марлоу (the Marlowe Theatre),и игралиштето св.Лоренс (St Lawrence Ground), кој претставува домашен терен на крикетскиот клуб на грофовијата Кент (Kent County Cricket Club). Главното седиште се наоѓа во срцето на градот Кантербери (City of Canterbury),кој претставува локален управен регион. Студентската популација е доста голема тука,поради постоењето на двата универзитета. Меѓутоа, Кантербери е доста мал град во споредба со другите британски градови.
Историја
Рана историја
Областа Кантербери била населувана од праисторискиот период. Во оваа област биле пронајдени секири кои датираат од долниот палеолит,и садови од неолитот и бронзената доба. Најпрво Кантербери бил регистриран како главното населено место на келтските племиња, Cantiaci , кои го имаат населено поголемиот дел од денешен Кант. Во I век од н.е. римјаните го заробиле населеното место, и го нарекле Durovernum Cantiacorum, што значи „ упориште на Кантиаките од шумичката со алдер дрво“(stronghold of the Cantiaci by the alder grove) . Римјаните го доградиле градот со нови улици,кои биле поставени според шаблонот на улуци под прав агол,потоа со театар, храм, форум и јавни бањи. Кон крајот на III век, за да се одбранат од нападите на варварите, римјаните изградиле земјен насип околу градот и ѕид со седум порти, кој зафаќал површина од 53 хектари).
Откако Римјаните заминале од Британија во 410 год, Durovernum Cantiacorum бил напуштен , освен неколку фармери кои останале,и постепено почнал да изумира. Во наредните 100 години, Англосаксонска заедница е формирана во ѕидините на градот, откако јутските бегалци пристигнале,и најверојатно склучиле брак со месното население. Јутите го именувале градот Cantwaraburh, што значи „упориште на луѓето од Кент“ . Во 597 г., папата Грегори Велики го испратил Августин да го преобрати кралот Етелберт од Кент (Æthelberht of Kent) во христијанин. По покрстувањето, Кантербери, како римски град, бил избран од страна на Августин за центар на Бискупската Столица во Кент, и биле изградени опатија и катедрала. Така Августин станал првиот Надбискуп на Кантербери. Новата важност на градот водела до негово заживување,и се развила трговијата на грнчарство, текстил и кожа. До 630 г.,се направени златни монети во ковачницата за пари во Кантербери. Во 672, Синодот од Хартфорд, власта над целата Англиска црква и ја доделил на Бискупската Столица од Кантербери.
Во 842 и 851, Кантербери претрпел голема загуба на животи за време на данските пљачкосувања. Во 978, надбискупот Данстан (Dunstan ) повторно ја основал опатијата, која била изградена од Августин, и ја именувал како опатија Св.Августин (St Augustine's Abbey). Вториот бран на данските напади започнал во 911, а во 1011 катедралата била изгорена, а надбискупот Алфеџ (Alphege) бил убиен. Паметејќи ги разурнувањата создадени од данците, жителите на Кантербери не дале отпор на инвазијата на освојувачот Вилијам (William the Conqueror) во 1066. Вилијам веднаш наредил изградба на дрвен замок, кој се наоѓал на могила,а дворот бил ограден со висок бедем (motte-and-bailey castle),покрај римскиот градски ѕид. Во почетокот на XII век замокот бил повторно изграден со камења.
По убиството на надбискупот Томас Бекет (Thomas Becket) во катедралата во 1170, Кантербери станал еден од најзначајните градови во Европа, откако аџиите од сите делови на христијанскиот свет доаѓале да го посетат неговиот ковчег. Ова поклонение било инспирација за структурата на збирката на приказни на Џефри Чосер од XIV век, „Кантербериски приказни“.
Кантербери се поврзува со неколку светци од овој период кои живееле во градот: Свети Августин од Кантербери (Augustine of Canterbury) Anselm of Canterbury Томас Бекет (Thomas Becket) Мелитус( Mellitus) Теодор од Тарс (Theodore of Tarsus) Данстан (Dunstan) Адријан од Кантербери (Adrian of Canterbury) Алфеџ (Alphege) Етелберт од Кент (Æthelberht of Kent)
Од XIV до XVII век
Во 1348, низ Кантербери се раширила црната смрт (или црната чума). Со 10 000 жители, Кантербери бил 10-ти по големина на популација во Англија; до почетокот на XVI век, бројот на популацијата се намалил на 3 000. Во 1363, за време на стогодишната војна, Комисијата за испитување заклучила дека причина за ерозијата на римскиот ѕид била неисправноста,крадењето на камењата и преполнувањето на каналите. Меѓу 1378 и 1402, ѕидот бил повторно изграден,и биле додадени нови ѕидни кули. Во 1381, за време на селскиот бунт (Peasants' Revolt), замокот и надбискупската палата биле ограбени, а на надбискупот од Садбери (Sudbury) му била отсечена главата во Лондон.На неговиот гроб во Кантербериската катедрала, секоја година на Божиќ, градоначалничката свита му оддава почит . Во 1413, Хенри 4 станал единствиниот владетел кој е закопан во катедралата. Во 1448 на Кантербери му бил доделен општински Статут,со што било овозможено да има градоначалник и окружен началник; градот сè уште има градоначалник и окружен началник. Во 1504 главната кула на катедралата,кулата Бел Хари (Bell Harry Tower), била завршена, наполнувајќи 400години од почетокот на градењето.
За време на распуштањето на манастирите,биле затворени,женски и три машки манастири на градот. Опатијата свети Августин,14та по ред најбогата во Англија во тоа време, била предадена на кралот,а нејзината црква и тремот биле срамнети. Остатокот од опатијата бил демолиран во следните 15 години,а дел од местото било преуредено во палата. Ковчегот на Томас Бекет бил уништен и целото злато,сребро и накит биле преместени во Кулата на Лондон (Tower of London),а сликите на Бекет,името и гозбите биле уништени насекаде низ кралството, ставајќи крај на поклонението.
До XVIII век, населението на Кантербери броело 5000 жители, од кои 2000 биле француски протестантски хугеноти, кои пребегале во Англија поради прогон и војна во делот од Холандија, кој пак бил под контрола на Шпанија , во средината на XVI век. Хугенотите го внеле ткаењето на свила во градот, кое до 1676та го надминало ткаењето на волна. Во 1620, кај улицата „Палас“ 59, Роберт Кушман преговарал за најмување на бродот Мејфлауер (Mayflower) за да ги пренесе аџиите до Америка.
Во 1647, за време на англиската граѓанска војна,избувнале нереди кога пуританскиот градоначалник на Кантербери ги забранил црковните служби за Божиќ. Обидот на бунтовниците следната година водел кон револт во Кент против парламентарните сили, придонесувајќи за почеток на втората фаза на војната. Меѓутоа, по мирен пат Кетербери се предадел на парламентарците, по нивната победа на битката на Мејдстоун (Battle of Maidstone).
Од XVIII век до денес
Првиот весник на градот, Кентскиот пост( the Kentish Post), бил основан во 1717. Во 1768 се здружил со ново формираниот Кентски Газет-службен весник (Kentish Gazette).
До 1770та замокот почнал да се распаѓа , и многу негови делови биле уништени кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век. Во 1787 сите порти на градскиот ѕид биле урнати,освен западната порта(Westgate)на градскиот затвор, како резултат на комисија која одлучила дека попречувале во новото патување со автобуси. До 1820 се затворила градската индустрија за свила поради увозот на идискиот муслин. Во 1830 била отворена првата светска железницаз за патници, The Canterbury and Whiсtstable Railway. Помеѓу 1830 и 1900 популацијата се зголемила од 15 000 на 24 000 жители. Кантерберискиот затвор бил отворен во 1808 веднаш позади градските ѕидини.
За време на Првата светска војна , многубројни бараки и волонтерски болници биле поставени околу градот, а во 1917 германски бомбардер се урнал близу улицата Броад Оук (Broad Oak). За време на Втората светска војна биле фрлени 10 445 бомби во 135 одделни напади и биле уништени 731 дома и 296 други згради во градот, вклучувајќи го и училиштето за класични јазици Симон Ленгтон(Simon Langton Grammar Schools), а биле убиени 115 луѓе. Најужасниот бунт бил на 1 јуни 1942 за време на Baedeker Blitz.
Пред крајот на војната, архитектот Чарлс Холден нацртал неколку планови за да го обнови градскиот центар, но месните жители биле против, поради што се формирало Здружение за одбрана на граѓаните кое било симнато од власт во 1945 на општинските избори. Повторната изградба на градскиот центар започнала дури 10 години по војната. По некое време, кружен ток бил конструиран во стадиуми, надвор од градските ѕидини за да се избегнат зголемените сообраќајни проблеми во градскиот центар, кој подоцна бил наменет и за пешаци. Најголемото проширување на градот се случило во 1960-тите, со пристигнувањето на Универзитетот на Кент во Кантербери (University of Kent at Canterbury) и на Колеџот Крајст Чрч (Christ Church College).
Осумдесеттите години од XX век биле одбележени по посетата на папата Јован Павле II и Кралицата Елизабета Втора, и почетокот на Кантерберискиот Фестивал. Во 1997 Кантербери добил и своја сопствена радио станици во CTFM, сега КМФМ Кантербери( KMFM Canterbury). Меѓу 1999 и 2005 година, трговскиот центар Вајтфрајарс(Whitefriars) доживеал големи промени. Во 2000, за време на развојот, бил извршен голем археолошки проект од страна на Canterbury Archaeological Trust, познат како Големото Икопување (Big Dig),кое било поддржано од Тимот Тајм (Time Team) на канал Четири.
Друг познат посетител бил Махатма Ганди, кој дошол во градот во октомври 1931; тој остварил средба со тогашниот Декан на Катедралата на Крајст Чрч,Кантербери.
Владеење
Од 1987, член на Парламентот за Кантербериската изборна единица, во кој е вклучен и Витстбл (Whitstable),бил конзервативецот Џулијан Брејзер. На општите избори во 2005, конзервативците победиле со мнозинство од 7 471 или 44,4 % од гласовите во кантербериската изборна единица. Лабуристите освоиле 28,7% од гласовите , либералните демократи 21.1%, Зелената партија 3,2%, Независната партија на Велика Британија 1,9% и Легализирање на Канабис Алијансата 0,7%.
Кантербери, заедно со Витстбл и Херн Беи, се дел од округот на локална управа, градот на Кантербери (City of Canterbury). Урбаниот реон на градот се состои од шест изборни единици и тоа на Бартон(Barton), Харблдаун(Harbledown), Нортгејт(Northgate), Сент Стефан (St.Stephens), Вестгејт (Westgate) и Винчип (Wincheap). Овие единици имаат 15 од 20 седишта во Градсиот Совет на Кантербери. Дванаесет од овие седишта се заземени од Либерал Демократите и три од Конзервативците.