Шелеверци — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба Селото е сместено во областа Пелагонија, на околу 19 километри јужно од Прилеп. До 2004 година беше дел од Општина Тополчани.

Историја Во век, Шелеверци било село во Прилепската Каза на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Шелеверци живееле 66 жители, сите Македонци.

Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Шелеверци имало 80 Македонци, патријаршисти.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Шелеверци е претставено како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 10 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.

Население

Според пописот од 2002 година, во Шелеверци живееле 21 жител, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, сите Македонци.

Родови

Шелеверци е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички, повеќето родови не знаат од каде се доселени.

Родови во Шелеверци се:

Доселеници: Ацевци (3 к.), Јанкуловци (2 к.), Јаричевци (1 к.) и Мишевци (1 к.) доселени се однекаде; Кузмановци (8 к.) и Вршковци (2 к.) потекнуваат од некое место во Преспа. Од Преспа најпрво се населиле во селото Мало Рувци. Потоа се преселиле во селото Шелеверци. Имаат роднини во селото Ерековци; Николовци (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од Беровци; Мариовци (1 к.) доселени се од мариовското село Гуѓаково.

Самоуправа и политика Селото влегува во рамките на Општина Прилеп, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Тополчани.

Во периодот од 1965-1996 година, селото било сместено во големата општина Прилеп.

Во периодот од 1955-1965 година, селото било дел од тогашната општина Тополчани, во која селото Шелеверци, се наоѓале селата Алинци (Битолско), Алинци (Прилепско), Бонче, Вашарејца, Веселчани, Горно Чарлија, Долно Чарлија, Добрушево, Древеник, Ерековци, Загорани, Ивањевци, Канатларци, Клепач, Лопатица, Лознани, Марул, Мојно, Мусинци, Ношпал, Новоселани, Подино, Подмол, Свети Тодори, Тополчани, Тројкрсти, Трновци и Чепигово.

Во периодот од 1952-1955 година, селото било дел од тогашната општина Канатларци, во која селото Шелеверци, се наоѓале селата Бонче, Ерековци, Канатларци, Лопатица, Марул и Подмол.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1498 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.

Поврзано Клекоперци — историско село во близина на Шелеверци, опустошено за време на Мариовско-прилепската буна од 1564-65 г.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Прилеп