Избишта — село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во околината на градот Ресен.

Географија и местоположба мини|лево|200п|Патот А3 кој минува низ Избишта. Избишта — село во областа Преспа, претежно сместено на западната страна од патот А3 (Охрид-Ресен) кој го поврзува Избишта со Јанковец и Ресен на југ. Од градот Ресен е оддалечено 4,5 километри. Соседни села, и нивниот правец и оддалеченост во воздушна линија од Златари (сметано од средиштата на населените места), се: Крушје (на северозапад; 3,2 км), Лева Река (на север; 3 км), Кривени (на запад; 1,9 км), Јанковец (на југ; 2,5 км) и Болно (на југозапад; 3,7 км).

Историја мини|лево|Селото Избишта на почетокот на XX век Во XIX век селото било дел од нахијата Преспа на Охридската Каза на Отоманското Царство.

На 31 јануари 1903 година, Избишта било опколено од османлиската војска. Тогаш била водена битка со четите на ТМОРО од околните села, при што куќата на Манговци била запалена и бил направен терор во селото од страна на османлиската војска.

Стопанство

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Избишта живееле 232 жители, сите Македонци.Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 240. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Избишта имало 256 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Избишта се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 42 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.

Според пописот од 2002 година, селото Избишта брои 176 жители, од кои 174 Македонци и 2 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 128 жители, од кои 121 Македонец, 1 Србин и 6 лица без податоци.

Родови

Избишта е македонско село.

Родови во селото се: Ѓоревци, Јанчевци, Петковци (дојдени од селото Брежани, Дебрца пред многу години, не се знае точниот период на нивната преселба,Фузевци.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:

Староседелци: Ѓоревци (26 к.), Фузевци (17 к.) и Јанчевци (8 к.).

Општествени установи мини|десно|200п|Училиштето. ПОУ „Гоце Делчев“

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1630 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 139 гласачи.

Културни и природни знаменитости мини|десно|180п|Споменикот. Споменици Споменик на битката водена на 31 јануари 1903 - споменик подигнат 1953 година Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Гимбабица — некропола од хеленистичко време; Јамиште— пат од римско време; Кула — населба од хеленистичко време;

Редовни настани

Личности

Ставре Димитров — македонски револуционер од ВМОРО. Гоше Калев Петревски — македонски револуционер од ВМОРО. Јован Радев Темелковски — македонски револуционер од ВМОРО. Нанчо Николов Фузевски — македонски револуционер од ВМОРО. Трифун Иванов Фузевски — македонски револуционер од ВМОРО.

Култура и спорт ФК Илинден (Избишта)

Иселеништво Во Аргентина се иселени 15-тина семејства до 1949 година.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Ресенски села Категорија:Села во Општина Ресен