Битолскиот народноослободителен партизански одред „Пелистер“ (формиран над селото Лавци, Битолско, на 22 април, разбиен во Ореовската корија, кај селото Ореово, Битолско, на 3 мај 1942) бил прв партизански одред формиран во битолската околија. Во неговиот состав влегле 21 борец. Одредот главно вршел обука на борците.

На 1 мај командирот на одредот, Ѓорѓи Наумов, со уште двајца борци, Никола Георгиевски и Стефан Трајковски, се оддалечиле од логорот и паднале во рацете на бугарска патрола. Одредот се повлекол подлабоко во шумата, но на 3 мај бил сместен и опколен од бугарската војска. Поради апсењата и испраќањето борци да воспостават врска, во моментот на битката одредот броел 12 борци.Злате Ѓоршевски „Елпида Караманди - Бисера“, Битола, 1988, 98 стр. Во нерамна битка одредот бил разбиен, при што загинале шест борци (Димитар Николовски, Јоска Јорданоски - Сандански, Ордан Михајлоски, Елпида Караманди, Мара Јосифовска и Димче Хаџипоповски),Владо Стрезовски, Ѓорѓи Димовски-Ласков, „7. македонска бригада и 49. дивизија на НОВJ“, Битола, 1987, 21-22 стр.„Битолските народноослободителни партизански одреди“, Битола, 1982. а Венда Христова била уапсена.Злате Ѓоршевски „Елпида Караманди - Бисера“, Битола, 1988, 109 стр. Вкупно биле уапсени 11 борци, а преостанатите четворица борци успеале да се илегализираат во Битола. Во битката, бугарската војска и полиција имале околу 30 загинати и ранети.

Битката на одредот со бугарската војска е опеана во познатата партизанска песна „Таму ле, мајко, близу Битола“, напишана од Ајри Демировски (1950).

Борци Во состав на одредот влегле:Владо Стрезовски, Ѓорѓи Димовски – Ласков „7. Македонска бригада и 49. Дивизија на НОВЈ“, Битола, 1987, 20-21 стр.Злате Ѓоршевски „Елпида Караманди - Бисера“, Битола, 1988, 84 стр. Ѓорѓи Наумов, командир на одредот Димитар Николовски - Таки Даскало, политички комесар Тодор Ангеловски - Тошо Даскало Пецо Божиновски - Кочо Блаже Димитровски-Рогозинаро Тома Димитровски - Томаки Никола Георгиевски - Никлецот Александар Живковски - Цане Томе Илиевски - Поштаро Јоска Јорданоски - Сандански Мара Јосифоска - Ѓурѓа Елпида Караманди - Бисера Киро Крстески - Платник Ордан Михајлоски - Оцка Андон Попандоновски Мица Попандонова Веле Стојановски - Фурнаџивчето Стево Трајковски-Тефико Димче Хаџипоповски Лазо Хаџи Поповски - Пламен Венда Христова - Доста

Наводи

Категорија:Одреди во НОВМ Категорија:Историја на Битола Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна