Реторомански јазик — дел од подгрупата на реторомански јазици, дел од групата на романски јазици од индоевропското јазично семејство. Јазикот е потомок на народниот латински јазик кој се зборувал во Швајцарија за време на Римското Царство. Јазикот е сроден со францускиот, окситанскиот и ломбардскиот јазик, но и со сите останати романски јазици. Јазикот е еден од четирите национални јазици во Швајцарија, покрај германскиот, францускиот и италијанскиот.
Според пописот од 2000 година, во Швајцарија околу 35.095 луѓе го користеле јазикот како претпочитано средство за општење, од кои 27.038 жители во Граубиден. Околу 61.815 жители го користеле јазикот како разговорен. Околу 0.9% од населението на Швајцарија зборуваат реторомански.
Правопис Ретороманскиот се пишува на латиница и има претежно фонетски правопис.
Големи буквиABCDEFGHIJLMNOPQRSTUVXZ Мали буквиabcdefghijlmnopqrstuvxz Имињаabetsedeeefghehaijot/i lungelemenopekueresteuveikstset
Наводи
Поврзано
Романски јазици Реторомански јазици Швајцарија
Надворешни врски
Организација Lia Rumantscha Радио Телевизија Романш Статии за ретороманскиот јазик Часови по реторомански Речници Ретороманско-англиски речник Романш-англиски речник Германско-реторомански и ретороманско-германски речник
Категорија:Реторомански јазици Категорија:Јазици во Швајцарија Категорија:Загрозени јазици