Делисинци — село во Општина Свети Николе, во областа Овче Поле, во околината на градот Свети Николе.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Овче Поле, во јужниот дел на територијата на Општина Свети Николе, чиј атар се граничи со подрачјето на Општина Лозово. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 230 метри. Од градот Свети Николе, селото е оддалечено 13 километри.

До селото води макадамски пат, кој се двои од автопатот А3 кај Амзабегово.

Делисинци е мало село сместено на границата помеѓу падините на ридот Богословец на југоисток и котлинската рамница на северозапад. Низ селото тече мал поток. Околни села се Аџибегово на југ, Богословец на југоисток, Сарамзалино на запад и други. Во минатото, водата за пиење доаѓала од три чешми. Водата за чешмите е спроведена од изворот Глава, кој избива на границата со атарот на Богословец.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Градиште, Дупка, Батак, Анџиско Ливадче, Мера I, Јолџик, Тресало, Трнче, Колиба, Кадрма, Мера II, Тилки, Каршибалар, Глава, Корија и Џамалџиски Гробишта.

Селото има збиен тип, поделено на Горно, Средно и Долно Маало. Првите две маала се од турско време, а Долното Маало е поново, создадено по 1951 година.

Историја Подрачјето на Делисинци е населено барем од староакедонско време, за што сведочат остатоци на тврдина на наоѓалиштето Градиште. На рамната основа, обрасната во густа вегетација, се среќаваат керамички садови. Бидејќи денешното население е помладо, не се зачувани никакви преданија за тврдината.

Северно од Делисинци, во месноста Џамалџиски Гробишта има десеттина надгробни плочи. Порано, тука имало повеќе вакви гробови. Селаните велат дека „џамалџиите“ биле исти како и „суровите“: „оделе по селата и проселе“. Ако се сретнеле две такви групи, тие се тепале.

Денешното село е младо, основано во XVIII век. Според преданието, името го добило по еден извесен Турчин, Дели-Исен, кој ја поседувал земјата. Тој ги поканил македонските родови да се населат како чифчии на неговата земја, при што настанало селото.

Стопанство Атарот на селото зафаќа простор од 7,7 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 516,2 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 215,9 хектари, додека шумско земјиште нема.

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција, но има и поволни услови за развојот на сточарството.

Во отоманскиот период, целата земја во атарот припаѓала на чифликсајбиите, кои биле двајца бегови. На чифлигот работело месното македонско население. По ослободувањето во 1912 г. земјата била откупена од доселеници, најмногу од соседното село Богословец.

По крајот на Втората светска војна, половина од атарот на Делисинци влегува во рамките на земјоделската задруга во Ерџелија. Зиме, околу 1.000 овци од задругата паселе на тоа земјиште.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Делисинци имало 90 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Делисинци имало 88 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134 – 135.

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Делисанци живееле 47 жители, од кои 14 Турци и 33 Македонци.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 241.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Делисинли (Delisinli) како мешано македонско-турско село.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.

Селото е мало, а во 1961 г. броело 196 жители, од кои 44 биле Македонци, 142 се забележани како „други“, но најголемиот број од нив биле Власи, додека во 1994 г. селото имало само еден жител, Влав.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 9 жители, сите Власи.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, селото има 2 жители, сите Власи.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.

ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациОст.Вкупно1948————————1541953162—————...—16219614410—......—...142196197115———...—...587319814———4—...—81991————4———41994————1———12002————9———92021————2———2

Родови Делисинци е влашко село, а порано било и македонско.

Според истражувањата од 1958 година родови во селото биле:

Македонски: Опутарци (4 к.) најстар род во селото, овде живеат од турско време, подалечното потекло им е непознато; Ристо Коле (3 к.), Пане Риба (1 к.), Дане Ване (2 к.), Лазаровци (1 к.) и Ване Даче (1 к.) сите се доселени после Првата светска војна од селото Богословец. Влашки: Гудо (1 к.), Мишо (2 к.), Костовци I (1 к.), Штерјо (1 к.), Димовци (1 к.), Атанасовци (1 к.), Ѓоргевци (1 к.) и Костовци II (1 к.) првиот род е доселен од селото Ново Село (Велешко), вториот род е доселен од Оморани, третиот, четвртиот и петтиот од Степанци, шестиот е доселен од селото Јакимово, седмиот од Лепопелци, а осмиот од Бучиште. Сите родови се доселени во периодот 1956-57 година.

Иселеништво Од Македонците се знае за следните иселеници. Петреви во 1918 година се иселиле во селото Сарамзалино. Орданови во 1935 година се иселиле во Ѓуземелци. Во периодот од 1956/57 година од селото се иселиле 9 семејства во Скопје (7 семејства), Штип (1 семејство) и во Велес (1 семејство). Тие иселеници биле доселени после Првата светска војна од селото Богословец.

Самоуправа и политика Во XIX век, Делисинци било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Свети Николе, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Свети Николе.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Свети Николе во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ерџелија, во која покрај селото Делисинци, се наоѓале и селата Амзабегово, Аџибегово, Богословец, Буриловци, Горно Црнилиште, Долно Црнилиште, Ерџелија, Кадрифаково, Мустафино и Пеширово. Селото припаѓало на Општина Амзабегово во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Амзабегово, Аџибегово, Богословец, Горно Црнилиште, Делисинци, Долно Црнилиште и Пеширово.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1701 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште во Амзабегово. Во избирачко место се опфатени населените места: Делисинци Амзабегово и Богословец.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 395 гласачи.

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Градиште — градиште од старомакедонско и римско време Д’лга Ричка — средновековна населба и некропола Сред Село — осамен наод од римско време Ќунче — населба од римско време

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Светиниколски села Категорија:Села во Општина Свети Николе