Долно Соње (познато и како Долно Солње) — село во Општина Сопиште, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба Селото Долно Соње е сместено на јужната падина на Водно. Селото е дел од областа Каршијак. Оддалечено е 11,5 километри југозападно од Скопје. мини|Долно Соње поглед на селото од кај селската црква мини|Куќа со стара архитектура во Долно Соње. мини|Куќа со стара камена архитектура во Долно Соње.
Историја мини|лево|Жители на Долно Соње и селото во почетокот на XX век
Во век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската Каза во Отоманското Царство.
мини|Црквата Свети Спас во Долно Соње. Во летото 2016 година е срушена и на нејзино место се гради нова црква. мини|Во чешмата среде село е вградена стара надгробна плоча од римско време
Стопанство Економијата во селото е на ниско ниво и се заснова на една фирма во која се вработени 15 работници, останатата економија е дел од сточарството и земјоделството. Луѓето се претежно вработени во фабрики и мал дел се во компании.
Население
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 46 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 153 мажи христијани, со 13 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 332 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 301 жител.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Соње живееле 410 жители, сите Македонци.Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 206. Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долно Соње имало 384 Македонци, сите под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 700 Македонци.
Според пописот од 2002 година, во селото Долно Соње живеат 689 жители, од кои: 678 Македонци, 2 Власи, 4 Срби и 5 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 793 жители, од кои 689 Македонци, 1 Албанец, 7 Власи, 9 Срби, 5 останати и 82 лица без податоци.
Родови
Долно Соње е македонско село.
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото:
Староседелци: Џуковци (2 к.), Каралковци (3 к.), Баревчиња (6 к.), Митревци (9 к.), Савевци (8 к.), Рустиковци (8 к.),Милевци (14 к.), Бардовчиња (8 к.), Марковци (5 к.) и Поповци (14 к.) Непознато потекло: Бужевци (4 к.), Бадаловци (2 к.), Китевци (3 к.), Соколовци (1 к.), Илиовци (6 к.), Стевановчиња (1 к.), Богдановци (6 к.), Пеќаковци (1 к.) и Димовци (3 к.) не знаат дали се староседелци, или доселени со непозната старина Доселеници: Тодоровциња (2 к.) доселени се од соседното село Барово. Таму имале истоимени роднини; Умаровци (7 к.) доселени се од селото Маврово кај Гостивар; Малезанои (11 к.) родот го основал Стојан Малезан. Тој се доселил од селото Добри Дол; Јовевчиња (2 к.), Алтивој (2 к.) и Зенговци (2 к.) не знаат од каде се доселени.
Општествени установи Општествени установи кои фукционираат во селото се: Основно училиште од прво до четврто одделение Амбуланта
Самоуправа и политика Селото е администрирано под раководството на месната заедница, црковниот одбор и општината Сопиште.
Културни и природни знаменитости Водопадот „Прскало“ знаменитост, постојка и одморалиште на велосипедската патека и другите патеки во склоп на пределот село Д. Соње - „Борчиња“.
Пределот „село Д. Соње - Борчиња“ е еден од најатрактивните предели на планината, создадени и оптстојани без човечка помош, речиси недопрени со исклучок на ловџиите.
Црквите се културно-историско-верско наслетсво кое опстанало со години. Постарите цркви се многу привлечни за странските туристи и делумно и за нашите. Црквите се привлечни бидејќи ја имаат зачувано својата автентичност со тоа што не се реконструирани,токму тоа наидува на позитивна оцена кај туристите.
Манастирите се споменици на културата и туристичко угостителски објекти. Од една страна тие се споменици, а од друга страна место за престој. Манастирите се посетуваат со многу цели од кои јас потенцирам некои: староста на објектот, староста на фреските, иконте и иконостасот, се доаѓа со цел да се преспие и да воспостави црковна медицина.
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Поткарпа — осамен наод од римското време; Св. Спас — осамен наод од римското време; Чешма — осамен наод од римското време.
Цркви „Вознесение Христово“ — главната селска црква;
Редовни настани 6 јануари - Бадникова вечер (музика гозба) Велигден (Тапани) Спасовден (селска слава) Свети Јован Водици
Личности Родени во Долно Соње:
Ефтим Боцевски (1897-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Димче Анчевски (1921-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Борис Панковски (1927-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Методи Додевски - Манак (?-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Вера Зафирова (1915-) — учесник во НОВ на Македонија
Иселеништво Селето има имиграција и тоа луѓето што во минатото мигрирале во градот повторно се враќаат назад. Селото има голем број викендаши. Во минатиот век имало 2-3 семејства кој го напуштиле селото и заминале во Австралија.
Поврзано Каршијак Општина Сопиште
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Долно Соње на Карти на Гугл
Категорија:Села со слава Спасовден во Македонија