thumb|250px|Пирамидите во Гиза се најпрепознатливиот симбол на цивилизацијата во Стар Египет thumb|250px|Карта од Стар Египет, на која се прикажани најголемите градови за време на Династичкиот Период (c. 3150 п.н.е до 30 п.н.е.)
Древен Египет или Стар Египет — стара цивилизација во источниот дел на Северна Африка, расположена во долниот тек на реката Нил, каде денес се наоѓа современата држава Египет. Оваа цивилизација претставува дел од еден збир на цивилизации, цивилизациите од Долината по течението на Нил, од која се дел региони од Јужен Египет (во денешен Судан, Еритреја, Сомалија и Етиопија). Египетските цивилизации се обединиле околу 3150 година п.н.е. со политичкото обединување на Горен и Долен Египет, кои биле под власт на првиот фараонДодсон (2004) стр. 46 и продолжиле да се развиваат во наредните три илјадалетија.
Кралствата во нивната историја биле стабилни, но се распаѓале во периоди на нестабилност, кои се познати како Преодени периоди. Стар Египет го достигнал врвот на својот развој во времето на Новото Кралство, по кое настапил период на бавно назадување. На крајот на овој период Египет бил освоен од сили кои не биле од Африканскиот Континент. Владеењето на фараонот официјално завршило во 31 година п.н.е. кога Египет потпаднал под римска власт и станал римска провинција.Clayton (1994) p. 217
Успехот на страта египетска цивилизација делумно произлегол и од нивната способност да се приспособат кон условите во Долината по течението на Нил. Предвидливите поплави и контролираното наводнување на плодната долина придонело кон произведување на вишок култури, кои ги разгореле општествениот развој и културата. Со вишок ресурси, власта го поттикнала искористувањето на минералните суровини од долината и околните пустини. Развивањето на независен збучен систем, организирањето на колективно градење и земјоделски проекти, трговијата со околните региони и воената опрема наменета за поразување на надворешните непријатели ја осигурале египетската доминација. Поттикнувањето и организирањето на овие активности било изведено од страна на бирократијата сочинета од првокласни писари, верски водачи и службеници кои биле под контрола на фараонот кој обезбедувал соработка и единство на египетскиот народ во смисла на религиозните верувања.James (2005) p. 8Manuelian (1998) pp. 6–7
Помеѓу многуте достигнувања на старите Египќани биле и техниките за експлоатација на каменоломите, надзорните и градежните техники кои ја олеснувале изградбата на величествените пирамиди, храмови и обелисци. Египќаните исто така развиле и математички систем, практичен и делотворен медицински систем, систем за наводнување и техники за земјоделско производство, тие ги направиле и бродовите за кои се смета дека се први, имале технологија за производство на стакло, создале нови литературни форми и го направиле првиот мировен договор за кој се знае. Египет зад себе оставил долготрајно наследство кој е од големо значење и за Египет и за светот. Египетските архитектура и уметност се широко имитирани, а египетските антиквитети се носени во многу далчни делови од светот. Рушевините од спомениците со векови ги поттикнувале фантазиите на патувачите и писателите. Новопронајдените антиквитети и ископувања во модерното време доведоа до научни истражувања на египетската цивилизација и поголема почит кон културното наследство во Египет и во светот.
До доцниот палеолитски период, и онака сувата клима во Северна Африка станала дополнително сува и топла со што населението од оваа област било приморано да се сконцентрира во Долината по течението на Нил и бидејќи номадските ловџиски племиња почнале да живеат во тој регион на крајот на Средниот Плеистценот пред околу 120 илјади години, Нил станал изворот на живот на Египет.Полноводноста на Нил им дала можност на луѓето да развијат постојано земјоделско стопанство и уште пософистицирано централизирано општество кое стана темел во историјата на човековата цивилизација.James (2005) p. 84 Историја Преддинастички период
Во преддинастиите и ранодинастичките времиња, климата во Египет не била толку сува како денес. Големи предели од Египет биле покриени со савани кои биле населени од големи стада на копитари. Флората и фауната биле многу развиени во сите предели а во нилскиот регион имало голема населеност на водни птици. Ловењето исто така била честа појава кај египќаните, а исто така во овој период многу животни биле припитомени.
До околу 5500 година п.н.е. малите племиња кои живееле во Долината по течението на Нил развиле култура со што покажале дека имаат цврста контрола врз земјоделството и одгледувањето животни. Биле препознатливи по својата грнчарија и лични предмети како што се чешли, нараквици и бројаници. Најголемата од овие култури во Горен Египет, Бадари, била позната по својата висококвалитетна керамика, камени алатки и по нивната употреба на бакарот.
Во Северен Египет племето Бадари било наследено од амратиската и герзианската култура кои покажале голем број на технолошки подобрувања. Од герзианските времиња, постојат докази дека постоел контакт помеѓу брговите Ханаан и Библос. Во Јужен Египет, клтурата Нагуада слична на Бадарите започнала да се шири по текот на Нил до околу 4000 година п.н.е. Во периодот на Нагуада I, преддинастичките египќани увезувале опсидијан(вулканска карпа) од Етиопија и го користеле за оформување сечила и други предмети направени од лушпи. За период од над 1000 години нагуадската култура се развила од неколку мали земјоделски заедници во моќна цивилизација чии водачи имале целосна контрола врз луѓето и ресурсите во Долината по течението на Нил. Со воспоставување на моќен центар во Хиераконополис, а подоцна и во Абидос, водачите на Негуада III ја прошириле својата контрола и по северниот тек на Нил. Тие исто така тргувале со Нубија на југ, со оазите од западните пустини на запад и со културите од источното Средоземје, на исток.
Културата Нагуада произвела разнолика колекција од материјани добра, кои ги покажувале растечките моќ богатство на елитата. Оваа колекција содржела цртана грнчарија, висококвалитетни декоративни камени вазни, козметички палети и накит изработен од злато, камен и слонова коска. Тие исто така развиле керамичка глазура која се користела во римскиот период за декорирање чаши, приврзоци и фигурички. За време на последната преддинастичка фаза, културата Нагуада почнала да користи пишани симболи кои накрајот еволуирале во целосен систем од хиероглифи со кои се пишувал староегипетскиот јазик.
Ранодинастички период
Главен напис: Ранодинастички период
Во 3 век п.н.е. египетскиот свештеник Манетон ги групирал сите фараони од времето на Менес па сè до негово време во 30 династии, систем кој и денес се употребува. Тој одбрал да ја започне историјата со кралот по име “Мени” (или на грчки Менес) за кој се сметало дека ги обединил двете кралства- Горен и Долен Египет (околу 3200 година п.н.е.). Староегипетските писатели не наведуваат да мислиме дека танзицицијата која водела до унифицирана држава се случувала побрзо отколку што навистина било така и не постојат никакви записи од времето на Менес. Некои научници сметаат дека митскиот Менес е всушност фараонот Нармер кој на церемонијалната палета Нармер е нацртан со кралска церемонијална облека како симбол на унификацијата.
Во Раниот Династички период, околу 3150 година п.н.е. првиот династички фараони ја зацврстиле својата контрола над Долен Египет со поставувањето на главен град – Мемфис од каде што тие можеле да ја контрлираат работната сила и земјоделството во плодниот регион околу устието на Нил како и профитабилните и суштинските трговски патеки до Левант. Растечките моќ и богатство на фараоните за време на раниот династички период се рефлектираат во нивните гробови и култните статуи Абидос во мртовечниците, кои се користеле за славење и обожување на фараоните по нивната смрт. Силната инстицуција на кралевството која ја развиле фараоните, служела за да се легитимизира државната контрола врз земјата, работната сила и реусрсите кои биле суштински за опстанокот и растот на античката египетска цивилизација.
thumb|left|upright|Типичен сад НагуадаII украсен со гезели (Преддинастички Период)
Старо Кралство
Главен напис:Старо Кралство thumb|upright|статуа од алабастер од Менкаура воBoston Museum of Fine Arts
Запрепастувачките достигнувања во архитектурата, уметноста и технологијата биле реализирани за време на Старото Кралство. Биле мотивирани од земјоделската продуктивност и остварени од развиената централна администрација. Под контрола на везирот, државните власти собирале даноци , ги координирале проектите за наводнување за да се зголеми родот на културите, ги распоредувале селаните за работа на градежните проекти и воспоставиле систем на правдата со цел да ги одржат редот и мирот. Со вишокот ресурси, кој бил резултат на продуктивната и стабилна економија, државата била во состојба да ја спонзорира изградбата на огромните споменици и да го финансира производството на исклучителните уметнички дела во кралските работилници . Пирамидите кои биле изградени од страна на Џосер, Куфу и нивните наследници се најзначајните симболи на античката египетска цивилизација и моќта на фараоните.
Заедно со растечката важност на централната администрација се појавила нова класа на образовани писари и службеници на кои им биле доделени недвижнини од страна на фараоните како замена за нивните услуги. Фараоните исто така ин доделувале земја на мртовечниците и локалните храмови за да обезбедат дека овие институции ќе ги имаат потребните ресурси да го возвишуваат фараонот по неговата смрт. Кон крајот на Старото Кралство, петте века од оваа феудална практика полека ја намалиле економската моќ на фараонот кој повеќе не можел да си дозволи да ја поддржува големата централната администрација. Како што се намалувала моќта на фараонот, регионалните водачи наречени номархи почнале да ја предизвикуваат доминацијата на фараонот. Ова, во комбинација со неколку суши помеѓу 2200 година п.н.е. и 2150 година п.н.е. на крајот предизвикало земјата да влезе 140-годишен период на глад и неслога кој е познат како Прв Преоден Период.
thumb| Слика од Нармер Претставена е унификацијата на двете земји.Robins (1997) p. 32 Прв преоден период
Главен напис: Прв преоден период
Откако се срушила централната управа на Египет, на крајот на Старото Кралство, администрацијата повеќе не можела да ја поддржува ниту стабилизира државната економија. Регионалните водачи не можеле да сметаат на помошта на кралот во кризни времиња. Недостатоците од храна и политичките спорови преминале во глад и мали граѓански војни. Сепак, и покрај овие тешки проблеми , локалните водачи кои воопшто не го почитувале фараонот, ја искористиле својата новонастаната независност за да основаат напредна култура во провинциите. Само што ја презеле контролата врз своите ресурси, провинциите станале економски побогати, факт кој се демонстрира од поголемите и поубавите гробници на сите социјални класи. Во екот на креативноста, занаетчиите од провинциите ги презеле и приспособиле културните мотиви, кои претходно биле наменети само за дворјаните во Старото Кралство. Писарите развиле литературни стилови кои ги изразувале оптимизмот и оригиналноста на периодот.
Ослободени од нивната лојалност кон фараонот, локалните владетели почнале да се борат еден со друг за територијална контрола и политичка моќ. До 2160 година п.н.е. вледетелите во Хераклеополис го контролрале Долен Египет, додека соперничкиот клан стациониран во Теба, семејството Интеф, ја мале контролата врз Горен Египет. Како што растела моќта на семејството Интеф, нивната контрола се проширила на север и судирот помеѓу двете сопернички династии бил неизбежен. Околу 2055 година п.н.е. Тебанските сили предводени од Небхеперте Ментухотеп II конечно ги победија владетелите на Хераклеополис, ги споиле двете земји со што започнал период на економска и културна ренесанса познат како Средното Царство.
Средно Кралство
Главен напис: Средно Кралство