Бозовце — село во Општина Тетово, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово.
Бозовце е село од збиен вид, со тесни и стрмни улички.
Потекло на името
мини|лево|300п|Поглед на селото
Името на селото првпат е споменато во документи од век (1348 г.). Името на селото се поврзува со растението боз, но исто така и со топонимот Бозово.
Географија и местоположба
Ова село се наоѓа во областа Долен Полог, односно под југоисточната падина на Шар Планина, а на западната страна на територијата на Општина Тетово, чиј атар се допира со државната гранична линија со Косово. Селото е планинско, на надморска височина од 1.360 метри. Од централното место Тетово, селото е оддалечено 16 километри.
Бозовце е сместено во долината Лешница на Шар Планина. На исток граничи со селото Вешала и неговиот атар. Растојанието помеѓу Бозовце и Вешала е 2 км по асфалтен пат. На југ граничи со Општина Боговиње, поточно со атарите на селата Јеловјане, Урвич и Ново Село. На запад граничи со Република Косово.
До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1209 пред селото Шипковица.
Селото се наоѓа во внатрешноста на Шар Планина, во долината на реката Пена. Бозовце е сместено на левата страна од долината и на граница помеѓу пашата над куќите и нивите под куќите. Мештаните со вода за пиење се снабдувале од селските чешми (Крој Мемишит, Крој Селманит), како и од изворите во атарот на селото (Козарица, Равштина, Извор).
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Козарица, Језер, Батакиште, Баба Станица, Ѓури Куч (Црвен Камен), Ливаде, Ограде, Суљерец, Воре (Гробишта), Селиште, Јеленица, Душнела, Говедарник, Карпа, Каменишта и Џаравајца.
Селото има збиен тип и е поделено во осум маала. Маалата се близу едно до друго, па нивните граници не се гледаат јасно. Во секое маало живее по еден род, па затоа нивните имиња се како родовските.
Куќите во селото биле изградени од камен (сост. 1948 г.), а покривите им биле од плочи. Покрај куќите се наоѓале плевни, кои биле покриени со слама.
Историја
Под името Бозовци селото е споменато во 1348 година, а втор пишан траг за селото е во турски документи. Тогаш, селото се наведува во поменикот на манастирот Матка кај Скопје.
Денешните жители на Бозовце се муслимани по потекло од Северна Албанија. Нивните предци тука дошле на почетокот на век. Тие не знаат или не кажуваат дали нивните предци затекнале постаро македонско население. Но, по зачуваното словенско име на селото, како и по некои словенски топоними, јасно може да се види дека имало континуитет помеѓу доселените Албанци и иселените Македонци.
По едно кажување запишано во соседните села, старинците на Бозовце имале куќи на местото наречено Селиште. Тоа се наоѓа покрај денешното село на патот за соседното село Вешала. На Селиште се наоѓа позната чешма Крој Чупит.
Стопанство
мини|300п|десно|Ресторан во селото
Атарот на селото е мошне голем и зафаќа површина од 56,7 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 3.559,4 хектари, на шумите отпаѓаат 1.123,5 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 506,8 хектари.
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.
Согласно 2022 година, Бозовце има места кои нудат угостителски услуги со традиционално подготвена храна. Селото има продавница, согласно 2020 година.
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Бозовце имало 330 жители, сите Албанци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 211.
Според статистиките од 1929 година, селото споменато како Бозовец припаѓало во Селечката општина со средиште во Шипковица и има 73 куќи со 472 жители Албанци.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр. 24.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Албанци.
Иако селото е високо лоцирана, тоа е големо, што е поредок случај. Во 1961 година селото броело 837 жители, од кои 754 биле Албанци и 64 жители Турци, додека во 1994 година бројот на населението се зголемил на 1.012 жители, од кои 998 се Албанци и четири жители Турци.
Пописот од 1991 година не бил воопшто одржан во селото Бозовце, бидејќи целото негово население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.
Според пописот од 2002 година, во селото Бозовце живееле 924 жители, од кои 1 Македонец, 921 Албанец и 2 останати.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 174 жители, од кои 137 Албанци, 1 останат и 36 лица без податоци.
Родови
Денес, во Бозовце живеат муслимански Албанци, кои се доселиле во селото на почетокот на век.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се: Доселеници: Алилар (25 к.) и Укалар (25 к.), доселени се од Љусна во денешна Северна Албанија, поради што и двата рода имаат заеднички име Љусњан и се сметаат за најрани доселеници во селото. Од Љусна дошле браќата Алил и Уко (Јакуп). Во родот Алилар се знае следниов родослов Весел (жив, 47 години во 1948 г.)-Дестан-Весел-Азис-Алил, еден од браќата кои се доселиле. За родот Укалар пак е следниов родослов: Ешреф (жив, 80 години во 1948 г.)-Јакуп-Зибер-Јакуп, кој се доселил со Алил. Секој род има свое маало; Чајан (11 к.), доселени се од областа Љума во северна Албанија. Името го добиле по местото од каде дошле. Дошле веднаш после првите два рода и имаат свое маало; Велки (16 к.), доселени се од селото Топојане во Љума, северна Албанија. Името го добиле по основачот Велија. Во селото имаат истоимено маало; Стрезњан (12 к.), доселени се од местото Стреза во Малесија, северна Албанија. Тука живеат откога и другите родови; Одалар (7 к.), доселени се од местото Орѓуше во северна Албанија. Името го добиле по некој предок Ода; Фанци (9 к.), доселени се од Фанде во северна Албанија. На старото место имале двајца предци, кои биле браќа и биле католици. Подоцна, едниот брат преминал на ислам и се доселил во Бозовце, додека братот католик останал во Албанија. Тие живеат во селото од средината на век и го знаат следниот родослов: Далиф (жив, 30 години во 1948 г.)-Дестан-Далиф-таткото на Далиф и Брајче (10 к.), доселени се од Малесија во северна Албанија околу 1860 година. Го знаат следниов родослов: Нурдин (жив, 60 години во 1948 г.)-Азис-Нурдин, кој се доселил со синовите.
Како најстари албански родови во селото Бозовце се споменуваат двата рода: Алиалар (25 к.) и Укалар (25 к.). По потекло се од Љума (во денешна северна Албанија), а овде живеат од почетокот на XIX век.Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 11 стр.
Иселеништво
Од селото имало иселеници од поединечните родови. Родот Алил Бозовце (4 к.) заминал во Голема Речица. Од родот Алиалар три семејства заминале во Тетово, додека од родот Укалар две семејства заминале во Тетово и пет семејства заминале во Турција. Три семејства од родот Стрезњан заминале во Турција, додека од родот Брајче две семејства заминале во Тетово.
Општествени установи
ПУ „Беса“ - подрачно основно училиште за ученици од прво до петто одделение Амбуланта
Самоуправа и политика
Во век, Бозовце било село во Тетовската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Тетово, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Шипковица.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово. Селото припаѓало на некогашната општина Тетово во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Шипковица, во која покрај селото Бозовце, се наоѓале и селата Бродец, Вејце, Вешала, Гајре, Лисец, Селце и Шипковица. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната општина Вешала, во која влегувале селата Бозовце и Вешала.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2085 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 957 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 936 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта Јеленце — средновековна некрополаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Џамии Џамија — главна селска џамија
Природни облици На два километра од селото се наоѓаат познатите шарпланински езера Голем, Мал и Црн Ѓол (Караниколички Езера). Лешница — долина во која е сместено селото; Бозовачко Eзеро — ледничко езеро југозападно-западно од Бозовце; Пена — месно нарекувана Бозовска Река, река која тече низ Лешница и Бозовце; Лешничка Река — притока на Пена; Кривошијска Река — притока на Пена; Кривошијски Водопад — водопад во горното течение на Кривошијска Река; и Кривошијско Езеро — ледничко езеро југозападно од Бозовце.
Споменици Спомен-плоча за Фадиљ Сулејмани во дворот на селското училиште
Редовни настани
Илирски карневали — традиционален настан во март
Личности
Родени во или по потекло од Бозовце
Фадиљ Сулејмани (1940-2013) — политичар и пратеник
Галерија
Поврзано Општина Тетово Долен Полог
Наводи
Забелешки
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Тетово