Габровник — село во областа Азот, во Општина Чашка, во околината на градот Велес.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Поглед во Габровник

Селото се наоѓа во областа Азот, во крајниот јужен дел на територијата на Општина Чашка, во средното сливно подрачје на реката Бабуна, а под северозападната падина на планината Бабуна, каде што атарот се допира со подрачјето на Општина Долнени. Селото е ридско, на надморска височина од 610 метри. Од градот Велес, селото е оддалечено 32 километри.

До селото води земјен пат, кој се двои од локалниот асфалтен пат до селото Мокрени, кој пак се двои од регионалниот пат 2336 пред селото Теово.

Габровник е мало село сместено во североисточното подножје на планината Бабуна. Околни села се Мокрени и Ораов Дол во сливот на Бабуна, а потоа Десово и Црнилиште во околината на Прилеп. Мештаните со вода за пиење се служат од кладенци, наречени: Горен Кладенец, Терзиоски Кладенец, Ливадишта, Смрдла, Манастириште, Рудиње, Ќелии и други.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Попоица, Дабче, Копачина, Сталејца, Црква, Дрма, Присој, Горна Нива, Коец, Падиње, Јалоарник, Соколец, Биса, Белутино, Коларница, Лазои, Сева Нива, Трајкова Нива, Гоедарник, Горна Чука, Јасика, Ќелии, Гарван, Мечкина Дупка, Дервен, Клисура, Клетовник, Бели Камења, Завој, Скала, Мал Стур, Страње, Евловец, Орниче и Турска Нива.

Габровник е село од збиен тип и бидејќи е мало не е поделено на маала.

Историја

Габровник е доста старо село. Во пишаните извори се споменува како дервенџиско село неколку пати во и век. Овие спомнувања датираат од 1460 година кога селото имало 12 домаќинства, потоа во 1476 и 1481 година кога имало по 20 домаќинства, во 1528 година имало 23 домаќинства и во 1544 година 17 домаќинства.

По народната традиција, старото село Габровник еднаш опустело. Остатоците од тоа село се наоѓаат на месностите Манастириште, Коец, Јасика и други. Не се знае кога тоа село било раселено.

На месноста Манастириште се познаваат ѕитчиња и до век имало зачувано остатоци од црква. Таму постоеле и икони кои подоцна биле пренесени во денешната селска црква. Кај Манастириште порано селаните организирале литии.

Подоцна, Габровник било обновено од Македонци доселени од прилепскиот крај. Дошле како три куќи од селото Клетовник, кое во првата половина на век го раселиле муслиманските Арбанаси населени во соседното Десово. Местото каде што се наоѓа Габровник тогаш било габериште (или место под габрова шума). Потоа се доселиле и родови од други краеви: Поповци дошле од Албанија, некои Миновци кои донес не постојат имале влашко потекло и други.

Габровник се наоѓа недалеку од стариот пат кој водел од селото Десово на југозапад до селото Согле во сливот на Бабуна на североисток. Овие села до 1912 година имале муслимански Арбанаси. Мештаните од Габровник многу страдале од нив, ги напаѓале во шума, на пасиштата со стоката, им одземале девојки од селото и друго.

Поради овие напади, постарите мештани и денес имаат песни во кои се опеани страдањата претрпени од Арбанасите од соседните прилепски села Десово и Црнилиште.

Познат е и нападот на некогаш богатиот македонски род Терзиовци, кои при првиот напад се одбраниле, но при вториот напад биле убиени повеќе мештани од селото.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 15,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.320 хектари, обработливото земјиште зазема површина од 156,5 хектари, а на пасиштата отпаѓаат само 38,2 хектари.

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.

Мештаните на Габровник за време на отоманскиот период и подоцна до Втората светска војна најмногу живееле од сточарство и правење дрвен ќумур. Стоката и ќумурот ги продавале во Прилеп. Од стоката најмногу одгледувале кози (секоја куќа по 50 грла) и нешто овци. Меѓутоа, по Втората светска војна државната власт го ограничила тоа занимање, поради што населението нагло се иселува.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Габровник живееле 225 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 157.

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Габровник имало 248 жители, од кои 152 под врховенството на Бугарската егзархија и 96 патријаршисти.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 118-119.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.

Габровник е мошне мало село, коешто уште во 1961 година броело само 45 жители, додека во 1994 година се намалило на само еден жител и е во фаза на наполно раселување.

Според пописот од 2002 година, во селото Габровник живееле 9 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, сите Македонци.

Родови

Габровник е македонско село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1967 година, родови во селото се: Доселеници: Терзиовци (2 к.), Гаревци (2 к.), Спасеновци (1 к.), Марковци (1 к.) и Велевци (1 к.), потекнуваат од предци кои се доселиле во почетокот на XIX век од раселеното село Клетовник, на планината Бабуна, а кое географски припаѓало на прилепскиот крај; Попевци (4 к.), доселени се од некое место во Албанија, ги викаат и Албанци; Стојановци (1 к.), доселени се однекаде.

Иселеништво

Целосно се иселил родот Миновци, потекнувале од предок Влав. Селото највеќе имало околу 50 домаќинства. Но, поради иселувањата родовите во селото многу се смалиле, или целосно иселиле. Главното иселување на населението било после Втората светска војна, и претежно во правец на Велес и Скопје, таму до крајот на 1960-тите се иселиле по 15 семејства. Потоа иселеници имало во Војводина во селата Јабука и Качарево. Како и во прилепските села Браилово и Десово, каде се иселил добар дел од населението.

Јован Трифуноски утврдил дека во прилепското село Десово живеат Ризовци (6 к.), Стојановци (4 к.), Велевци (3 к.), Долни Велевци (3 к.), Милошевци (3 к.), Богоевци (3 к.), Милјовци (3 к.), Терзиовци (2 к.) и Соколовци (2 к.). Во Браилово живее родот Соколовци (7 к.), а некаде се иселил и родот Миовци. Во селото Извор живее родот Габровчани (1 к.).

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Чашка, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Богомила.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес. Селото припаѓало на некогашната општина Богомила во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Теово, во која покрај селото Габровник, се наоѓале и селата Мокрени, Оморани, Ораов Дол, Плевење, Согле и Теово. Општината Теово постоела и во периодот 1950-1952 година.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2216 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватен објект во селото Теово. Во избирачкото место се опфатени и населените места: Мокрени, Ораов Дол, Плевење и Теово.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 95 гласачи. На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 91 гласач. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 95 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта Поповица — населба од римско време

Цркви Црква „Св. Никола“ — главната селска црква, во урнатини

Параклиси Параклис „Св. Атанасиј“ — мал параклис во селото

Реки Средница — мала река низ селото

Редовни настани

Слави Мала Богородица — селска слава

Личности

Родени во Габровник Донка Цветанова Белкоска (р. 1897) — учесник во НОВ на Македонија

Галерија

Поврзано Општина Чашка Азот

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Велешки села Категорија:Села во Општина Чашка