мини|десно|Грашок мини|десно|Мајчина душичка, оригано и рузмарин Тревесто растение (тревесто растение или билно растение) — растение чии листови и стебла умираат на крајот од вегетативниот период, венеејќи до земја, и немаат трајно дрвенесто стебло над земја.Gray's Manual of Botany, American Book Co. 1889 Овие растенија можат да бидат едногодишни, двегодишни или повеќегодишни.

Едногодишните тревести растенија целосно умираат по вегетативната сезона или кога ќе процветаат и родат плодови, по што од семето никнуваат нивни потомци.Levine, Carol. 1995. A guide to wildflowers in winter: herbaceous plants of northeastern North America. New Haven: Yale University Press. стр. 1

Стеблата на тревестите повеќегодишни и двегодишни растенија умираат по вегетативниот период, но извесни делови преживуваат на или под земја, опстанувајќи од една сезона во друга (кај двегодишните ова е до следната вегетативна сезона, кога процветуваат и умираат). Новите гранки и листови излегуваат од опстанатото ткиво на или под земјата, како што се корења, стеблените задебелувања при основата и разни други видови на подземни стебла како луковици, грутчести луковици, столони, ризоми и кртоли. Примери за тревести двегодишни растнија се морковот, пашканатот и крстенецот; тревести повеќегодишни растенија се компирот, божурот, хостата, нането, највеќето папрати и највеќето треви. За разлика од нив, нетревестите повеќегодишни растенија се дрвенести растенија чии стебла се секогаш над земјата и опстануваат во живот низ сезоната на мирување, а следната година пуштаат фиданки од надземните делови. Такви се дрвата, грмушките и ползавците.

Некои релативно брзорастечки тревести растенија (особено едногодишните) се пионерски или раносукцесивни видови. Дригите ја сочинуваат главната вегетација на голем број стабилни живеалишта, јавувајќи се или како приземни растенија во шумите, или во природно отворените живеалишта како ливадите, солените мочуришта и пустините.

Некои од тревестите растенија знаат да достигнат значајни димензии, како што се дрвата од родот на бананата.

Поврзано Треви Билка Дрвенесто растение

Наводи

Категорија:Ботаничка номенклатура Категорија:Растителна морфологија Категорија:Растенија Категорија:Животни облици на растенијата