Облавце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Средорек, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Куќи во маалото Печењаци

Селото се наоѓа во јужниот дел на подрачјето на Општина Старо Нагоричане, непосредно до патот Куманово-Крива Паланка. Селото има рамничарски карактер, чии куќи се издигаат на надморска височина од 400 до 480 метри, а од градот Куманово е оддалечено 23 километри.

До селото водат повеќе асфалтни патишта, кои се двојат од државниот пат А2.

Куќите на ова село се десно од патот Куманово-Крива Паланка, сместени на многу суво земјиште. Околни села се Орах, Стрезовце, Војник, Макреш и Канарево. Водата за пиење доаѓа од бунари и од ретки извори. Попознати извори извираат на местата Драганац, Мериловац и Дервен.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Бански или Китин Рид, Венац, Десетачки Гумна, Влашки Дол, Пударница, Антиски Рид, Дрнскавац, Јаревица, Смрк, Кошариње, Стари Крст, Дубје, Гладница, Корито, Големо Рамниште, Расје, Кашла, Пејчарево и Павчине Зграѓе.

Облавце има разбиен тип и е поделено на околу 18 маала. Најчесто во маалата живеат жители од еден род, поради што скоро и да се изедначени бројот на родови и маала.

Историја

Оскудни се преданијата за настанокот и раното минато на селото. Само некои факти говорат дека сепак Облавце било старо село, како што старите родови и некои остатоци од старини.

Во Облавце се наоѓа црквата „Св. Никола“, изградена по Првата светска војна. Таа се наоѓа во Лукарско Маало и претходно на тоа место постоеле ѕидови од некоја стара црква. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта. Додека немало црква во селото, мештаните оделе во Карпинскиот манастир.

Месностите Драганац и Павчине Зграѓе се наоѓаат на тромеѓето на Облавце, Канарево и Макреш. Таму се наоѓале истоимената маала на Облавце, но за време на турскиот период поради близината на патот Куманово-Крива Паланка, мештаните се иселиле.

Некој кумановски бег имал своја обработлива земја на атарот на Облавце, но подоцна тоа било продадено на селаните. По ослободувањето од Турците, на атарот на селото купувале земја и мештаните од соседното Орах.

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 9,2 км2. На него преовладуваат обработливите површини на површина од 535 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 314 хектари.

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во минатото во него работеле услужни објекти и продавници.

Во минатото, мештаните заработувале од продажба на жито, стока и сточарски производи. Меѓутоа, по Втората светска војна било напуштено сточарството и луѓето започнале да се иселуваат или да се вработуваат надвор од селото.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Облавце живееле 250 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 216.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Облавце имало 360 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 126-127.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.

Поради емиграцијата на населението, селото преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година Облавце броело 454 жители, а во 1994 година 180 жители, исклучиво населено со македонско население.

Според пописот од 2002 година, селото броело 124 жители, од кои 123 Македонци и 1 Србин.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 111 жители, од кои 95 Македонци и 16 лица без податоци.

Родови

Облавце е македонско село. Едни родови се сметаат за староседелци, додека други се доселени пред крајот на отоманскиот период, во периодот меѓу двете светски војни и по Втората светска војна.

Според истражувањата на Јован Трифуноски од 1971 година, родови во селото: Староседелци и доселеници со непознато потекло: Чолачанци (8 к.), Тутушанци (5 к.), Бароњци (4 к.), Бајагинци (4 к.), Стамболци (3 к.), Арсеновци (2 к.), Портарци (2 к.), Ралевци (2 к.), Печењаци (7 к.), Лукарци (4 к.) и Жерци (2 к.), некои од наведените родови се староседелски, а други се доселени со непознато потекло. Скоро секој род има свое посебно маало. Доселеници со познато потекло: Шопци (4 к.), доселени се од селото Герман кај Крива Паланка; Нагоричанци (1 к.) доселени се од Нагоричане (Старо или Младо) и по нив е наречено Нагоричанско Маало; Долинци (2 к.), доселени се од селото Коинце, подалечно потекло од некаде од Србија; Антинци (5 к.), доселени се од селото Аљинце; Николајци (4 к.), Дудманчанци (2 к.) и Дренчанци (1 к.), доселени се од селото Дренак кај Крива Паланка; Карадачанци (1 к.) и Чифлиџанци (1 к.), доселени се од селото Страцин кај Кратово, вторите дошле по Втората светска војна; Радибужчанци (1 к.), доселени се од селото Радибуш кај Крива Паланка и Мајорци (1 к.), доселени се од селото Арбанашко.

Иселеништво

Иселеништвото почнало со посилен интензитет веднаш по Втората светска војна. Претежно во селото останувало постарото население со преку 50 години, додека помладите почнале да се иселуваат.

Постари иселеници има во Долно Коњаре (Боне, 1 к.), Миладиновци (Тодоровски, 1 к.).

Општествени установи

Подрачното основно училиште „Христијан Карпош“, петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Христијан Карпош“ - Младо Нагоричане Пошта (1314) Поранешна здравствена амбуланта

Самоуправа и политика

мини|300п|десно|Воздушен поглед на куќи во маалото Печењаци

На крајот од XIX век, Облавце било село во Кумановската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои биле малку изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Клечевце.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Куманово, додека во периодот 1955-1962 било во некогашната општина Клечевце, а по распуштањето на Општина Клечевце во 1962 година било дел од Општина Старо Нагоричане.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Облавце, во која покрај селото Облавце се наоѓале и селата Војник, Дренок, Канарево, Макреш, Орах, Ругинце и Стрезовце. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Облавце, во која влегувале селата Канарево, Макреш, Облавце и Стрезовце.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1151 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.

Културни и природни знаменитости

мини|300п|десно|Поглед на главната селска црква „Св. Никола“

Археолошки наоѓалишта Живуша — населба од средниот век; Селишта — населба од доцноантичкото време; и Црепњарке — населба од доцноантичкото време.

Цркви Црква „Св. Никола“ — главна селска црква.

Редовни настани

Слави Света Троица — селска слава со собир кај селската црква; и Илинден — селска слава со собир кај училиштето и се смета за поважна слава.

Наводи

Поврзано Средорек Општина Старо Нагоричане Куманово

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Старо Нагоричане