Периша Савелиќ - Самсон (, ― ), „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1292 стр. ― југословенски комунистички деец од црногорска народност, учесник во НОБ во Македонија.
Животопис Основно образование завршил во родното село, а два класа гимназија во Скопје (татко му бил учител во Драчево). Уште како ученик се борел против шовинистичките тежнеења на своите професори. Јавно се противставувал против игнорирањето на македонската народност. Не го поднесувал великосрпскиот хегемонизам и против него се борел како свесен член на СКОЈ, во чии редови бил примен рано. Поради своите отворени истапи против режимот и комунистичка активност, тој бил исклучен од гимназијата, па матурирал во Приштина во 1939 година. Во 1939 година, тој извесно време бил интерниран во Билеќа. По враќањето, тој студирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1940 година) и бил организационен секретар на МК на КПЈ (1940 година). Развил широка активност и како резултат на тоа во 1940 година биле одржани дури шеснаесет работнички штрајкови и неколку тарифни акции.
Втора светска војна мини|лево|253x253пкс|Споменик на местото на куќата на Савелиќ во Скопје. По окупацијата на Југославија, иако родителите му предлагале да се врати во родното место, тој решително одговорил: „Не! И овде е моја татковина. Ќе останам да се борам заедно со македонскиот народ...“По Априлската војна (1941) бил секретар на МК и раководител на Воениот штаб на МК на КП во Скопје, при што успешно ги извршил подготовките и го формирал Првиот скопски партизански одред (22 август).
На 26 октомври 1941 година е уапсен при блокада на бугарската полиција. Заедно со уште 24 комунисти, на 27 април 1942 година е изведен пред суд во Скопје и на 9 мај е осуден на смрт со бесење. Откако поминува уште три месеци во скопскиот затвор, на 18 август,Дучо Кранго „Бугарскиот терор и отпорот во скопскиот затвор“, Архив на Скопје, Скопје, 1986, 164 стр. заедно со Васил Антевски - Дрен, Љубомир Лековиќ и Чедомир Миленковиќ, е префрлен во затворот во Софија, каде е убиен.„Вардарски глас“, 23 декември 1986, 12 стр. Стоилко Ивановски-Планински, „Васил Антевски-Дрен: прилог кон биографијата“, Архив на Скопје, Скопје, 1980, 214 стр.
Наводи
Извори Крсто Здравковски, „Периша Савелиќ - Самсон“, Скопје, 2011.
Категорија:Југословенски комунисти Категорија:Македонски комунисти Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонски Црногорци Категорија:Југословенски Црногорци Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна