Биџево (познато и како Боговица) — село во областа Струшко Поле, во Општина Струга, во околината на градот Струга.

Потекло и значење на името

мини|300п|лево|Поглед на селото

Името на селото првпат е забележано како Чурјак во турски документи од век (1583 г.). Низ годините се споменува под Богојци и Боговица. Формата Богоици е плурална во однос на Богоица, која директно потекнува од Боговица, посвојно име обрасувано со помош на суфиксот -ица проширен со -ов од личното име Боге (Богоја, Богдан). Како друго објаснување е дека личното име од кое произлегува името е Богој или Богоје.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на источната страна на Струшкото Поле, во средишниот дел на Општина Струга, североисточно од градот Струга, а под јужната падина на планината Караорман. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 940 метри.

До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2243 над селото Долно Татеши.

Богојци е помало планинско село во северниот дел на Струшкиот крај. Куќите се сместени на стрмна падина, свртена кон југоисток. Западно од селото е планинскиот гребен Бршња, погоден за сточарство, додека источно од селото се ниви. Околни села се Брчево на север, Тоска на југ и други. Жителите до неодамна вода за пиење добивале од еден бунар, а надвор од селото се изворите Шулон и Трапиње. Денес, водата за пиење доаѓа од водовод.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Мислодешки Рид, Вакуф, Мала Браненица, Деленски Пат, Преслап, Барјак, Љома Авдијут, Рамништа, Крој Татеши, Мулина Алију, Трап Мусалешки, Калауз, Шкала, Ара Пљакут, Уремаде, Ефтосина, Ѓолтезерове, Забели Катунит, Љуме Карабаши, Љугу Дардаве, Кегр, Машна, Улеѓат, Забели Вогл, Ара Сантес, Аре Маде и Шулон.

Селото има збиен тип, поделено на три маала: Белули, Селмани и Авдију. Во секое маало има куќи од еден род.

Историја

Предание наведува дека Богојци најпрвин било словенско-христијанско село, во кое имало црква „Св. Богородица“ по која дури и селото го добило името. Црквата и гробиштата околу нејзе се наоѓале на една рамнина во јужниот дел на селото. Рамнината се нарекува Киша (на албански „црква“), а на тоа место во 1975 година било изградено училиштето.

Околу 1850 година, во Богојци се доселиле три албански муслимански домаќинства од Голо Брдо. Кога тие дошле, староседелците се иселиле. Денес, во селото не кажуваат колку луѓе имало пред нив и каде заминале.

Стопанство

Атарот не е многу голем и зафаќа простор од 4,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 280,4 хектари, на пасиштата отпаѓаат 95,3 хектари, а на обработливото земјиште 65,1 хектар.

Селото, во основа, нема развиена земјоделска функција.

Во селото порано се сеело жито, додека денес многу селани се на привремена работа во странство.

Население

Според податоците од 1873 година, селото имало 29 жители мажи муслимани.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995. стр. 104-105.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Богојци живееле 120 жители, сите Албанци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 172-173.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Богојци се води како чисто албанско село во Охридската Каза на Битолскиот Санџак со 20 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Албанци.

Во 1961 година селото броело 202 жители, додека во 1994 година имало 156 жители, населено со албанско население.

Пописот од 1991 година не бил воопшто одржан во селото Богојци, бидејќи целото негово население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.

Според пописот од 2002 година, селото броело 170 жители, од кои 167 Албанци и 3 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 74 жители, од кои 65 Албанци, 1 Турчин и 8 лица без податоци.

Родови

Богојци е албанско село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски од 1977 година, родови во селото: Селмани (9 к.), Авдија (5 к.) и Белули (12 к.), доселени се од некое село во областа Голо Брдо (во Албанија). Првите два рода потекнуваат од браќата Селман и Авдија, додека третиот род потекнува од нивниот роднина Белул. Предците на овие три рода се доселени околу 1850-60 година поради крвна одмазда. Сите родови се Геги.

Иселеништво

По 1957 година започнало иселувањето од селото, па така голем дел од населението се симнало во пониските села Татеши, Корошишта, Ливада, Ново Село и Биџево, додека други иселеници отишле во градовите Струга, Охрид и Битола.

Општествени установи

мини|300п|десно|Поглед на основното училиште

Подрачното основно училиште „Орхан Џемаили“, петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Орхан Џемаили“ - Горно Татеши

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Богојци било село во Охридската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Делогожди.

Во периодот од 1957 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото припаѓало на некогашната општина Велешта.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Караорман, во која покрај селото Богојци, се наоѓале и селата Брчево, Глобочица, Збажди, Локов, Мислодежда, Поум, Присовјани и Ржаново. Во периодот 1950-1952 година, селото Богојци било дел од некогашната општина Мислодежда, во која влегувале селата Богојци, Брчево, Мислодежда и Поум.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1894 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место припаѓа и селото Тоска.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта Гробишта — средновековна некропола; и Црква — сакрален објект и некропола од средниот век.

Цркви Во минатото, во селото постоела црквата „Св. Богородица“ на местото на денешното училиште.

Џамии Џамија — главна селска џамија.

Галерија

Поврзано Општина Струга Струшко Поле

Наводи

Забелешки

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Струшки села Категорија:Села во Општина Струга