мини|Споменик на Фреј Луис Болањос, основач на Казапа. Казапа (Caazapá) е департман во Парагвај. Главен град на департманот е градот Казапа. Казапа се наоѓа во Источен Парагвај и меѓу Парагвајците е познат по насадите на портокал и мандарина. Источниот дел е релативно неразвиен и е составен од брда и прашума. Западниот дел на департманот е составен од низини и мочурливи површини.
Административна поделба
Департманот е поделен на 10 окрузи:
округ населениеAtlas Censal del Paraguay - Caazapá 2002 DGEEC. урбано рурално вкупно Абај 2,640 23,535 26,175 Буена Виста 1,416 3,924 5,340 Казапа 5,990 16,382 22,372 Доктор Моисес С. Бертони 330 4,286 4,616 Иегрос 1,067 4,891 5,958 Хенерал Игинио Мориниго 1,242 4,257 5,499 Масиел 431 3,526 3,957 Сан Хуан Непомукено 6,937 17,306 24,243 Тавај 656 12,698 13,354 Јути 4,299 23,704 28,003
Географија
Департманот се наоѓа во регионот Источен Парагвај. На север департманот граничи со департманот Гваира, на југ со департманот Итапуа, на исток со департманот Алто Парана и на запад со департманите Мисионес и Парагвари.
Највисока температура измерена во департманот била 37 степени целзиусови, а најниста 1 степен целзиусов.
Наводи
Illustrated Geography of Paraguay, SRL Distributed Arami, 2007. ISBN 99925-68-04-6 Geography of Paraguay, First Edition 1999, Publisher Hispanic Paraguay SRL
Поврзано Парагвај Департмани во Парагвај
Надворешни врски Радио Казапа SENATUR ABC Color
Категорија:Департмани во Парагвај