Никола Христов Габровски е бугарски политичар, член на Бугарската социјалдемократска партија.
Животопис Роден е на 6 септември 1864 година во Велико Трново. Учи првично во богословија кон Петропавловскиот манастир кај градот Лјасковец. Потоа учи во Александровската гимназија во Николаев, Русија во 1884 година и право во Женева. Во 1887 година станува судија на Софискиот окружен суд. Близок соработник на Димитар Благоев, Габровски учествува во создавањето на БСДП во 1891 година.. Подоцна влегува во редовите на Бугарска работничка социјалдемократска партија, а по нејзинот расцеп оди кај тесните социјалисти. Од 1892 година до 1894 година е уредник на весникот „Работник“, учествува и во издавањето на "Бугарска социјалдемократска библиотека". Во 1894 година станува член на осмото обично Народно собрание заедно со Јанко Сакзов.
Во април 1901 година е делегат на Осмиот македонско-одрински конгрес на Врховниот Македонски Комитет.Елдъров, Светослав. Генерал Иван Цончев. Житие на два животот, воена издавачка куќа, Софија, 2003, стр 83. По расцепот во БРСДП во 1903 година е на страната на широките социјалисти. Во 1914 раскинува контактите со нив и влегува во БРСДП - тесни социјалисти. Во 1919-1923 година е народен претставник од листовите на тесните социјалисти.
На 11 јуни 1925 година е убиен во Велико Трново, за време на репресиите по извршениот претходно атентат во црквата Света Недела. Кратка Биографија на Никола Габровски.
Наводи
Категорија:Бугарски политичари