ФК Лестер Сити е англиски фудбалски клуб со седиште од Лестер, Западен Мидлендс. Моментално се натпреварува во Премиер лигата, највисокото ниво на англискиот лигашки систем. Својте натпревари ги играат на стадионот Кинг Пауер (претходно наречен Стадион Вокерс), кој има капацитет од 32,261 седечки места.

Клубот бил основан во 1884 година како Лестер Фос и се натпреварувал на терен во близина на патот Фос Роуд. Тие подоцна се преселиле на Филберт Стрит во 1891 година и одиграле таму 111 години по ред, пред да го релоцираат бизнисот во близина на Стадионот Вокерс во 2002 година, кој подоцна бил преименуван во Кинг Пауер во 2011 година.

Лестер се приклучил на Фудбалската лига на Англија во 1894 година. Најголемиот успех на клубот е освојувањето на Премиер лигата во сезоната 2015-2016, кога Лестер за првпат во својата историја станал шампион на Англија. Со тоа тие станале еден од седумте клубови кој ја освоиле Премиер лигата од нејзиното основање во 1992 година, а нивниот успех во голем број на весници и медиуми бил опишан како еден од најголемите спортски шокови и најпријатни изненадувања во историјата на било кој спорт.

Клубот исто така е познат и под прекарот лисиците, кој доаѓа од клупскиот амблем. Традиционало играат во дресови со темно-сина боја и со бели шорцеви.

Соперништва Навивачите на Лестер го сметаат тимот на Нотингам Форест за нивен примарен соперник што се должи на историските социо-економски соперништва меѓу градовите Лестер и Нотингам, од каде што доаѓаат двата клуба. Втори соперници на клубот се Дарби Каунти со кои тие играат натпревар во таканреченото дерби на Источен Мидландс.

И покрај тоа што се со седиште во Западен Мидландс, друг соперник на Лестер во последниве неколку години е Ковентри Сити, кои се засновани на само 24 милји оддалеченост. Натпреварите меѓу двата клуба, станаа познати како M69 дерби, дебивајќи ги името по Автопатот кој ги поврзува двата града.

Играчи Моментален состав

Титули Премиер лига : 1 2015-2016

Втора Дивизија на Англија : 6 1924–1925, 1936–1937, 1953–1954, 1956–1957, 1970–1971, 1979–1980 Вицешампиони (2) : 1907–1908, 2002–2003

ФА Куп : 1 2020-2021 Вицешампиони (4) : 1949, 1961, 1963, 1969

Лига куп : 3 1964, 1997, 2000 Вицешампиони (2) : 1965, 1999

Черити Шилд : 1 1971

Наводи

Надворешни врски

Leicester City Official website BBC Leicester – In pictures: 125 years of Leicester City Leicester City Fans Forum

Лестер