Исак Ефремович Болеславски (; 9 јуни 1919, Золотоноша, Полтавска губернија - 15 февруари 1977, Минск) бил советски шаховски велемајстор, кандидат за светски првак, теоретичар и тренер.
Животопис Болеславски се родил во еврејско семејство во местото Золотоноша (денешна Украина) во 1919 година. Шах научил да игра на деветгодишна возраст, а уште како ученик остварил завиден успех со победата на чилишното шаховско првенство во 1933 година. Две години подоцна, заврпил трет на сесоветското младинско шаховско првенство, коешто се одржало во Ленинград; а во 1938, 1939 и во 1940 година, трипати по ред бил првак на Украинската ССР. Поради овие успеси, во 1939 година ја стекнал советската титула „Мајстор на спортот“. Првото свое учество на првенството на СССР го забележал во 1940 година, кога завршил на делба на 5. и 6. местото (заедно со Ботвиник).
Категорија:Родени во 1919 година Категорија:Починати во 1977 година Категорија:Советски шахисти Категорија:Еврејски шахисти Категорија:Советски Евреи Категорија:Украински Евреи Категорија:Носители на орденот „Знак на Честа“