Горен Таунус (герм. Hochtaunuskreis) — округ во средишниот дел на покраината Хесен, Германија и претставува дел од метрополскиот регион Рајна-Мајна. Се граничи со окрузите Лана-Дил, Ветерау, неврзаниот град Франкфурт, Мајна-Таунус, Рајнгау-Таунус и Лимбург-Вајлбург.

Горен Таунус и Штарнберг редовно се натпреваруваат за титулата „најбогат округ во Германија“.

Историја Округот е создаден во 1972 г. со спојување на дотогашните окрузи Обертаунус и Узинген.

Географија Географски, округот се простира низ планинскиот венец Таунус. Највисоката точка на венецот е врвот Голем Фелдберг (881 м), кој исто така му припаѓа на округот. Најниска точка е Горен Ерленбах (130 м). Богатите места во густо населениот јужен дел на округот влегуваат во поширокото подрачје на градот Франкфурт.

Населени места Нас. местаОпштиниБад Хомбург Кенигштајн на Таунус Кронберг на Таунус Ној-Анспах Оберурзел Узинген Фридрихсдорф ШтајнбахВајлрод Верхајм Гласхитен Гревенвисбах Шмитен

Наводи

Надворешни врски

Горен Таунус - окружен портал

Категорија:Дармштат (административен округ)