Луке е град во Парагвај. Градот се наоѓа во Централниот департман и истиот е дел од метрополитенската област Голем Асунсион. Според изворите два датума се јавуваат како датум на основање на градот, 1653 и 1750 година. Луке е 4 град во Парагвај по бројот на жители.
Луке бил привремен главен град на Парагвај во 1868 година за време на Парагвајската војна. Главниот град бил преместен во Сан Естанислао. Луке е еден од најважните градови во метрополитенската област. Во градот се наоѓа меѓународниот аеродром Силвио Петиросо.
Наводи
Поврзано Парагвај Градови во Парагвај
Категорија:Градови во Парагвај