мини|Катедрала во Лимпио Лимпио, порано Тапуа, е град во Парагвај. Градот се наоѓа во Централниот департман. Лимпио е основан на 2 февруари 1785 година од Фријар Луис де Болањос. Оригиналното име на градот бил Сан Хосе де лос Кампос Лимпиос де Тапуа.
Особености
За градот се верува дека е еден од првите градови во државата. Лимпио зафаќа површина од 117 км2 и се наоѓа на 23 километри од Асунсион. Во близина на градот е реката Парагвај.
Клима
Температурата во градот е слична како и со остатокот од земјата. Максималната температура достигнува до 40 степени на лето, а зимската температура достигнува до 4 степени. Просечната температура на годишно ниво е 23 степени.
Познати мештани Бенигно Фереира, поранешен претседател на Парагвај (1906–1908). Агустин Богарин Аргања, свештеник. Фернандо де ла Мора, парагвајски политичар и револуционер.
Наводи Reportaje al País. Tomo 2. Año 2001.
Поврзано Парагвај Градови во Парагвај
Надворешни врски
Midamos Viajes a SENATUR World Gazeteer: Парагвај
Категорија:Градови во Парагвај Категорија:Населени места основани во 1785 година