Ентони Брекстон (англиски: Anthony Braxton) (1945, Чикаго, САД - ) е современ американски џез саксофонист, музичар и композитор. мини|Ентони Брекстон, 26.5.2007 Животопис Ентони Брекстон е роден во 1945 година во Чикаго, САД. Творештво мини|десно|Брекстон на настап во 1976 година. Музичкото творештво на Брекстон е многу богато и содржи стотици снимки, бројни концерти низ целиот свет и академски трудови. Музичката кариера ја започнал во 1960-тите како соло-музичар, во 1970-тите бил ангажиран во бројни еклектични експерименти, а во 1980-тите е позната работата со неговиот "историски квартет". Најголемо влијание врз неговото творештво извршиле џез-саксофонистите Ворн Марш (Warne Marsh) и Алберт Ајлер (Albert Ayler), авангардните американски композитори Џон Кејџ (John Cage) и Чарлс Ајвс (Charles Ives), како и европските авангардни композитори Карлхајнц Штокхаузен (Karlheinz Stockhausen) и Јанис Ксенакис (Iannis Xenakis).Skopje Jazz Festival 2012. Skopje: Skopje Jazz Festival

Брекстон е познат по неговиот уникатен музички систем, со сопствени класификации и графички-заснован музички јазик во кој се испреплетени разновидни музички традиции и жанрови. Благодарение на неговото значење за џез-музиката постои меѓународна мрежа на негови обожаватели кои ја документираат неговата работа. Творештвото на Брекстон е многу ценето од страна на критичарите, кои го опишуваат како „гениј“, „ненадминлива фигура во музиката“, „веројатно, најплодниот музичар на нашето време“, „брилијантен уметник кој постојано наметнува нови предизвици“ итн.

На 19 октомври 2012 година, Ентони Брекстон настапил на Скопскиот џез фестивал, со својот квартет "Diamond Curtain Wall Quartet", во состав: Ентони Брекстон - алт-саксофон, сопран-саксофон и композиција, Тејлор Хо Бинам (Taylor Ho Bynum) - корнет и лимени дувачки инструменти, Џемс Феј (James Fei) - алт-саксофон, и Ерика Дикер (Erica Dicker) - виолина.

Наводи

Категорија:Џез-музичари Категорија:Американски музичари Категорија:Џез саксофонисти Категорија:Луѓе од Чикаго Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1945 година