Благоја Деспотовски - Шовељ (Дебар, март 1919Боро Кралевски „Беа, загинаа, останаа“, Скопје, 1969, 52 стр. - Скопје, 7 октомври 1941) — македонски комунист, учесник во НОВ, првоборец. Тој е еден од првите партизани кои загинале во НОВ.

Животопис Во родниот град завршил основно училиште, а во потрага по вработување работел во бродоградилиштето во Сремска Митровица (1937-1938), каде што станал член на УРС-овите синдикати. Во 1939 година доаѓа во Скопје и се вработува во Пиротехничкиот завод во Ѓорче Петров. Пролетта 1940 година е примен за член на КПЈ. Заради политичко дејствување сред монополските работници, по налог на Месниот комитет на КПЈ преминал на работа во Тутунскиот монопол во Скопје. Поради таа дејност бил уапсен (25 февруари 1941) и останува во затвор до капитулација на Југославија (6 април).

Учествувал на советувањето на Скопската организација на КП (одржана во Козле на 22 јуни 1941), на која е донесена одлука да започнат подготовките за вооружена борба. Наскоро потоа се илегализирал и се приклучил на една од скопските диверзантски групи (јули - 22 август). Учествувал во акцијата за снабдување со експлозив од рудникот Радуша.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 458 стр. При формирањето на Првиот скопски партизански одред на 22 август 1941 година, влегува во неговите редови.

Во септември 1941 година, настанале големи провали во партиската организација и биле затворени поголем број партиски кадри. За провалите и затворањата значително придонеле и домашните предавници на чело со фашистичкиот агент Мане Мачков. Поради тоа Деспотовски бил задолжен, заедно со уште еден соборец, Александар Смилковски – Жухрај, да го ликвидираат Мачков. Тие својот обид да го убијат Мачков го извршиле на 7 октомври истата година. Обидот завршил неуспешно. При бегството, откако бил опколен, Деспотовски дозволил да му се приближат агентите што го гонеле по што ја активирал бомбата и се самоубил.Александар Спасовски „Партизанското движење во Скопје и Скопско 1941-1945“, Архив на Скопје, Скопје, 1984, 59 стр.

Една од улиците во главниот град, Скопје го носи неговото име.

Наводи

Литература Митре Инадески, „Благоја Деспотовски-Шовељ: прилог кон биографијата“, Архив на Скопје, Скопје 1990.

Категорија:Луѓе од Дебар Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Починати во Скопје Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна