Антун Колендиќ (Омиш, Хрватска, 1914 - Марина ди Рагуза, Сицилија, 29 април 1999)Branka Kaljević "Odlazak znamenitih" , "Vreme", broj 441, 19. jun 1999. бил југословенски комунист, амбасадор, публицист и учесник во НОВ. Носител е на Партизанска споменица 1941 и други високи одликувања на СФРЈ.

Животопис

Колендиќ станал член на СКОЈ во 1932 година, а на КПЈ во 1933 година. Во првите месеци од 1934 година тој дошол од Загреб во Скопје со задача да ја обнови партиската организација во Скопје и да ја поврзи со ЦК КПЈ. Во Скопје Колендиќ го обновил и Обласниот комитет за Македонија и бил на негово чело како привремен секретар.Иван Катарџиев (ур.) „Документи и материјали 1919-1920”, „Комунист”, Скопје, 1985, 2 книга, 21 стр. Во декември 1934 година е уапсен и во јуни 1935 година е осуден на четири години. Казната ја одлежува во затворот во Сремска Митровица. На 12 јануари 1940 година е интерниран во концентрациониот логор во Билеќа.„Скопје во НОВ 1941“, Скопје, 1973, 209 стр.

По бугарската окупација на Македонија, Колендиќ заминува во Првиот скопски партизански одред, формиран на 22 август 1941 година. Во одредот е секретар на партиската организација. По распуштањето на одредот, живее во илегала и одреден период е во Бугарија. Во мај 1942 година во процесот против борците на Првиот скопски одред бугарскиот воен суд во Скопје во отсуство го осудува на смрт со бесење.Биографија на Антун Колендиќ

По крајот на војната работи како уредник на „Борба“, а потоа е долгогодишен дипломат во југословенските дипломатски претставништва во Софија, Виена, Грац и Западен Берлин. Главно работи во разузнавачкиот сектор. Додека е на служба во Западен Берлин, на 30 јуни 1969 година припадниците на усташката емиграција извршуваат обид за атентат врз него. Во таа прилика, Колендиќ е тешко ранет, а последиците од атентатот ги чувствувал до крајот на животот.

Завршил студии по книжевност на Белградскиот универзитет, каде и докторира на историски науки. Се занимавал и со публицистика. Благодарение на неговото истражување, беа актуелизирани две дубровнички ренесансни комедии: „Боздоган“ и „Лукреција – или ти Ждрело“. За работата на втората претстава Колендиќ во 1994 година ја добива Стериината награда.

Наводи

Надворешни врски Архива на Антун Колендиќ

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Југословенски амбасадори Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941