Македонците во Словенија, познати и како словенечки Македонци,се малцинство коe живеe во Република Словенија.

Според последниот попис од 2002 година, во таа држава живееле 3.972 Македонци, a 4,760 лица се изјасниле дека македонскиот јазик им е мајчин јазик.

Имиграција

Во времето на СФРЈ, многу Македонци мигрирале во Социјалистичка Република Словенија. Повеќето од нив дошле од источниот дел на СР Македонија и тие се доселиле претежно во Крањ и во главниот град, Љубљана. Македонци има и во поголемите градови како Јесенице, Нова Горица, Марибор и Цеље. Околу 450 Македонци живеат во подрачјето на Цеље.

Култура Во Словенија има три големи културни македонски друштва. Најголемото е „КУД Македонија“ од ЉубљанаMKD-Makedonija-http://www.mkdmakedonija.si/, „КУД Кирил и Методиј“ од Крањ MKD Kranj-http://www.mkd-kim.si// и „КУД Билјана“ од Марибор.MKD Biljana-http://www.mkd-biljana.si/index.php?option=com_content&task=view&id=2&Itemid=6| Тие биле основани во 90-те кога Словенија станала независна република. Културните друштва биле основани за да се поттикне изучување на македонскиот јазик, традиција и култура за тие кои живеат во Словенија. Овие културни друштва главно ги слават големите празници како Велигден, Илинден и Божиќ. Секое друштво има свој центар за собири и фолклорни концерти. Исто така има и училиште за македонски јазик во Крањ за помладите Македонци.

Вера Македонците во Словенија се претежно православни, но има и Македонци муслимани. Поради недостаток на свештеници, постои само една македонска православна црква во Словенија, која е отворена само во одредени денови; за неделни собири се користи српската православна црква. Првата македонска црковна организација била MCO (Македонски црковен одбор/Makedonski crkoven odbor). На 13 април 1993 била одржана првата нивна средба каде што било одлучено да се основа Македонска црква во Словенија. Добри односи има меѓу Македонската православна црква и Римокатоличката црква. Многу Македонци исто така ја користат и Српската православна црква.

Црквата „Света Марија Рожденска“ која е сместена во Крањ, е користена од страна на Македонците за поголемите празници.Naše Sonce-http://www.mkd-kim.si/vesnik/nase%20sonce%20-%20st%201%20-%20december%201997.pdf

Медиуми Во Словенија има само еден весник кој е наменет за Македонците во Словенија наречен „Наше сонце“. Печатен е од страна на Македонското друштво Кирил и Методиј од Крањ. Првото издание било испечатено на 1 декември 1997. Весникот главно пишува за проблемите и активностите на Македонците кои живеат во Словенија.

Наводи

Поврзано Македонци Словенија Демографија на Словенија

*