Оливера Верa Јоциќ (Сингелиќ, Скопско, 21 август 1923 - Саса, Македонска Каменица, 22 мај 1944) — партизанка, македонски и југословенски првоборец. Била прогласена за народен херој на 20 декември 1951 година.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 167
Животопис мини|лево|Вера Јоциќ со школските другарки во VII клас во Женската гимназија во Скопје (четврта оддесно во средниот ред) Вера Јоциќ е родена на 21 август 1923 година, од семејство кое по Балканските војни ја напуштила Србија и се преселиле во Синѓелиќ, Скопско.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 163 Како гимназијалка станала членка на СКОЈ, во 1941 година.
Учество во НОБ По Апpилската војна со своите сестри заминала за Ваљево (Србија), каде се приклучила во Јастребачкиот партизански одред и била примена во КПЈ во октомври 1941 година. По нелегалната партиска дејност во Ниш, во зиматa 1942 година, ги продолжила партизанските дејствија во Јастребачкиот, па во Врањскиот партизански одред. мини|лево|Вера Јоциќ (седната) со своите воени другари, меѓу кои Ацо Шопов и Христијан Тодоровски-Карпош на Козјак 1943 Таа се разболела поради изложеноста на многу ниски темпаратури, а и нејзините нозе премрзнале. Најпрво била лечена низ околните села, по што е решено да се пренесе во Ниш на лекување. Таму се вработиила во фабриката за тутун, каде продолжила да агитира и да ја врши својата револуционерна дејност. Во знак на благодарност, подоцна во дворот на истата фабрика е поставена нејзина биста.
Желбата да се бори на територијата на Македонија кај неа станала се посилна и од крајот на 1943 година била заменик-политички комесар на Tрeтиот кумановски партизански одред и на кумановските баталјони „Орце Николов“ и „Христијан Тодоровски - Карпош“. Нејзината храброст врзана е за борбите што овој баталјон ги водел во познатната пролетна (мајска) офанзивз. Како секретар на партиското биро во Баталјонот, секогаш била во првите борбени редови, давајќи пример со својата храброст. Особено се истакнала во борбите кај Дренак, Пелинце, Ристовац и др. Од 24 февруари 1944 година е заменик политички комесар на Првиот баталјон на Третата македонска народноослободителна ударна бригада.
Учествувала во Пpолетната офанзива која се одвивала во мај и јуни 1944 година,„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 165 при што единиците од кумановско изведувале пробив кон Беласица и Егејска Македонија. Задачата да се пробие обрачот од бугарски војски, се паднала на баталјонот во кој била член Вера Јоциќ. Во тие борби, кај селото Страцин, Кумановско на 20 мај 1944 година, таа го извела првиот јуриш кон бугарските сили, по што била тешко ранета. Партизаните ја извлекле, и ја носеле на шаторско крило три дена и три ноќи. По три дена, починала кај селото Саса, Делчевско.„Македонска енциклопедија“, Скопје, 2009, книга I, стр. 649
Сеќавање Вера Јоциќ е воспеана во прочуените песни „Очи“ и „Љубов“ од Ацо Шопов.ОчиЉубов
Во нејзина чест, едно основно училиште во општината Гази Баба го носи нејзиното име.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Ацо Шопов, „Секогаш кога се сеќавам на Вера Јоциќ” Slobodan Popović, "Vera Jocić - životni put i revolucionarno delo", Gornji Milanovac 1978.
Категорија:Родени во 1923 година Категорија:Починати во 1944 година Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски Срби Категорија:Народни херои на Југославија од Македонија Категорија:Ченто (населба) Категорија:Народни херои на Југославија Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна