Елбрус или Ељбрус (; ) — заспан вулкан во западниот дел на планинскиот венец Кавказ во Кабардино-Балкарија и Карачаево-Черкесија, Русија, близу границата со Грузија. Врвот на Елбрус е највисок во Кавказ и во Русија, а според некои мислења и во Европа. или највисока во западна Азија, за малку надминувајќи ги венците Демавенд и Алборз во Иран. Елбрус (западниот врв) — висок 5.642 м; а источниот е малку понизок, со височина од 5.621 м.
Потекло на поимот Името „Елбрус“ е метатеза на Алборз, кое пак доаѓа од легендарната планина Хара Березајти во иранската митологија.
Географија Елбрус е сместен 20 км северно од главниот венец Голем Кавказ и 65 км југоисточно од рускиот град Кисловодск. Нејзината ледена покривка се преточува во 22 ледници, кои пак потоа се одлеваат во реките Баксан, Кубањ и Малка.
Елбрус е сместен на тектонско подрачје во движење и се смета дека е поврзан со расед. Длабоко под заспаниот вулкан лежи магма.
Поврзано Кавказ (планински венец)
Наводи
Anthony Huxley, Standard Encyclopedia of the World's Mountains (New York: Putnam, 1962)
Надворешни врски
Елбрус - ЧЕБАНДА Елбрус - SummitPost Слики од Елбрус - стотици големи слики од Елбрус и околината
Категорија:Врвови во Русија Категорија:Кавказ Категорија:Крајни точки на Земјата Категорија:Вулкани во Русија Категорија:Стратовулкани Категорија:Седум врвови Категорија:Петилјадници Категорија:Највисоки точки на земјите Категорија:Седум вулкански врвови