Зале-Орла () — округ во источниот дел на сојузната покраина Тирингија, Германија. Соседни окрузи се (од север надесно) окрузите Зале-Холцланд, Грајц, Фогтланд во Саксонија, баварските окрузи Хоф и Кронах и округот Залфелд-Рудолштат.

Историја мини|Пејзаж во близина на Вурцбах, област Зале-Орла Округот бил создаден во 1994 година со спојување на претходните окрузио Лобенштајн, Песнек и Шлајц.

Географија

Главни реки во округот се Зале и Орла, од кои е изведено името на округот. Највисока точка во округот со 732,9 метри надморска височина е Зиглицберг (близу Лобенштајн), додека најниската до 180 метри е близу Шимерсбург, Лангенорла. Округот е планински, сместен на Тириншките Шкрилни Планини. Браните на Зале го создаваат најголемиот систем на вештачки езера во Германија.

Грб

130п|ГрбДвата лава на врвот на грбот ги претставуваат историските држави, кои биле сместени во минатото. Во левиот дел е лавот со круна на семејството Ројс, додека лавот на десната страна е симбол на грофовијата Мајсен. Двете брановити линии во долниот дел ги симболизираат двете реки во округот, Зале и Орла.

Градови и општини

Слободни градовиСлободни општини Бад Лобенштајн Гефел Хиршберг Нојштат на Орла Песнек Залбург-Еберсдорф Шлајц Тана Вурцбах Коспода Ремптендорф Розентал на Ренштајг Општински заедници1. Опург Боделвиц Дебриц Гертевиц Гробенгеројт Лангенорла Лаусниц Нимриц Оберопург Опург1 Квашвиц Золквиц Вајра Вернбург2. Ранис-Цигенрик Есбах Гесиц Кајла Крелпа Мокса Паска Појшен Ранис1, 2 Шморда Шендорф Зајзла Вилхелмсдорф Цигенрик23. Зенплате Дитерсдорф Герквиц Гешиц Киршкау Лема Мосбах Нојндорф кај Шлајц Етерсдорф1 Плотен Пермиц Тегау Фолкмансдорф4. Триптис Драјцш Герода Лемниц Мизиц Мителпелниц Розендорф Шмириц Темелсдорф Триптис1, 21седиште на општинска заедница;2град

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница Туристичка страница

Категорија:Окрузи во Тирингија