Умово — целосно раселено село во Општина Студеничани, во областа Торбешија, јужно од градот Скопје. Селото е иселено и според пописот од 2002 година нема жители.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во Скопската Котлина, во областа Торбешија.
Историја Во век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската Каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 25 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 60 мажи муслимани, со 3 новороденчиња. Било забележано дека двајца мажи со семејствата тазе се доселиле во селото. Се проценува дека селото во тој период имало 130 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 332 жители.
Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 425 жители муслимани (Македонци).Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.209
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 700 Македонци.
Население
Според пописот од 2002 година, во селото Умово немало жители. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Родови Умово било торбешко село.
Според истражувањата од 1950 година. Родови во селото биле:
Доселеници: Јонузовци (37 к.) доселени биле од некое село Умово кај Дебар (дебарско). Доселени биле пред околу 270 години, се знае следното родословие: Зибер (жив на 78 г. во 1950 година) Асим-Амет-Етем-Алија-Суљо, кој се доселил. Јонузовци се делат на следните гранки: Мемедовци, Рашитовци, Имеровци, Шаиновци, Максутовци, Зенеловци, Аметовци, Абазовци, Ќаиловци, Везуловци, Саитовци и Зеадиновци; Алиовци (12 к.), Мамутовци (8 к.), Скендеровци или Дебрановци (14 к.), Јусуфовци (12 к.), Ноомалци (11 к.), Бектешовци (6 к.), Дичевци (3 к.), Аџовци (4 к.), Ејуповци (3 к.) сите овие родови имаат место на потекло како и првиот род; Карличовци (2 к.) доселени се од некое село Карлици во Дебарско; Дошлаковци (3 к.) доселени се од некое село во Река; Печковци (3 к.) они единствено потекнуваат од предок Албанец, кој кога дошол во селото зборувал албански, но мешајќи се со Торбешите го примил македонскиот јазик. Основачот на родот бил доселен од околината на Пеќ во Косово.
Иселеништво До 1950 година од селото имало иселено 29 семејства во Скопје, и во Турција 32 семејства. Од тогаш до денес има уште повеќе иселеници, со што денес селото е целосно иселено.
Поврзано Торбешија Општина Студеничани Студеничани
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Умово на Карти на Гугл