Хиршберг () — град во округот Зале-Орла, во Тирингија, Германија. Се наоѓа на реката Зале, 20 километри јужно од Шлајц, 12 километри северозападно од Хоф (Баварија) и 25 километри југозападно од Плауен (Саксонија).
Историја
Градот првпат се појавил во документите во 1154 година.W.Kahl Ersterwähnung Thüringer Städte und Dörfer bis 1300 Verlag Rockstuhl Bad Langensalza 2001 S. 31 ISBN 3-934748-58-9 Во неговата понова историја е познат како патнички граничен премин помеѓу Источна и Западна Германија. Сообраќајот бил предмет на одредбите од договорот за меѓузонски сообраќај, кој бил склучен во 1972.
Демографија и управување
Хиршберг се наоѓа на автопатот А9 (Берлин – Минхен). Градот ги вклучува следниве единици: Јухех, Гериц, Шпарнберг, Улерсројт и Фенцка.
Население
Движење на бројноста на населението:
1830 — 1995 1830: 1.760 1933: 2.915 1939: 2.888 1994: 2.923 1995: 2.8461996 — 2000 1996: 2.748 1997: 2.749 1998: 2.674 1999: 2.654 2000: 2.6662001 — 2004 2001: 2.670 2002: 2.653 2003: 2.612 2004: 2.600 2005: 2.5692006 — 2009 2006: 2.526 2007: 2.493 2008: 2.488 2009: 2.373 2010: 2.352
Галерија
Наводи
Категорија:Зале-Орла Категорија:Внатрегерманска граница