Писокал — историско село во областа Мариово, во Општина Прилеп, Прилепско.
Денес, од некогашното село се останати само малото Писокалско Езеро и возобновениот Писокалски манастир со црквата „Св. Илија“.
Атарот на некогашното село е приклучен кон атарот на селото Кален, но географски припаѓа на соседното село Бонче.
Географија
мини|300п|лево|Историска фотографија во истоимениот премин (денес наречен Слива) во непосредна близина на селото
Селото било сместено на преминот меѓу Дрен Планина од север и Селечка Планина од југ, меѓу селата Бонче и Кален.
Низ селото поминува регионалниот пат 1107, кој води од Прилеп до селото Витолиште. Селото се наоѓа помеѓу двата планински превои Слива и Шипад.
Историја
Селото било чифлигарско и неговата земја ја купиле мештаните од мариовското село Кален.
Како последен жител на селото се јавува извесен Петко со неговата жена и четирите деца. Петко во 1875 или 1876 година бил пресретнат од банда качаци од селата Канатларци и Ерековци кај превојот Слива по што починал. Жена му едно време работела на чифлигот во Писокал, но подоцна била избркана и се премажила во Марул.
Во XX век во месноста Писокал била изградена црквата „Свети Илија“.
Население
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 година, селото Писукал (Pissoukal) имало 9 домаќинства и 46 жители.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 78-79.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Писокал имало 80 жители, сите христијани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 247.
Според податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Писокал (Pissokal) имало 32 жители под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 150-151.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Писокал се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 4 куќи.
Културни и природни знаменитости
Цркви Црква „Св. Илија“ — манастирска црква.
Манастири Писокалски манастир — манастир кај некогашното село.
Езера Писокалско Езеро — мало езеро кај некогашното село.
Поврзано Општина Прилеп Пелагонија
Наводи
Надворешни врски
Писокалски Илинден
† † Категорија:Историски села во Македонија Категорија:Кален