Залфелд-Рудолштат () — округ во јужниот дел на сојузната покраина Тирингија, Германија. Соседни окрузи се (од север надесно) окрузите Вајмар, Зале-Холцланд, Зале-Орла, округот Кронах во Баварија и окрузите Зонеберг, Хилдбургхаузен и Илм.

Историја

Округот започнува да функционира како амт Залфелд, кој бил создаден во 1868 година, а во 1922 година станал округ (Landkreis). Исто така, во 1922 година бил создаден и округот Рудолштат, вториот историски корен на денешниот округ. Обата округа биле споени со окружната реформа во 1994 година.

Географија

Главна река во округот е Зале. Највисока точка е 827 метри надморска височина близу Пизау, додека најниската со 169 метри е во долината на реката Зале близу Нидеркросен.

Грб

130п|ГрбБидејќи Залфелд бил главен град на војводството Саксо-Залфелд, саксонскиот грб е прикажан во горната десна и долната лева четвртина на грбот. Другите две четвртини го прикажуваат грбот на принцовите Шварцбург-Рудолштат.

Градови и општини

Слободни градовиСлободни општини Бад Бланкенбург Кенигзе Лојтенберг Рудолштат Залфелд Алендорф Алтенбојтен Бехштет Дрогниц Хоенварте Каулсдорф Улштет-Кирххазел Унтервеленборн Општински заедници1. Шифергебирге Грефентал2 Леестен2 Пробсцела12. Шварцатал Курсдорф (Залфелд-Рудолштат) Десбах Дешниц Кацхите Мојра Рорбах Шварцатал1, 2 Шварцбург Зицендорф Унтервајсбах1седиште на општинската заедница;2град

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Окрузи во Тирингија